Реклама
LIFESTYLEХороскоп

Овен – хороскопски знак кој најмногу доминира кога е во прашање кариерата и парите

Реклама

Кога станува збор за кариерата и парите, тогаш Овните најмногу доминираат. Работното окружување е совршен простор за амбициозните, креативни и успешни Овни. Тие се родени лидери и не можат да седат без работа.

Одлични се кога треба да предвидат нешто, а секогаш се трудат да бидат чекор понапред од другите и да ги постават работите на своето место. Тие само треба да го следат патот кој го одбрале.

Маркетинг

Кога е соочен со предизвици, Овенот брзо ќе ја процени ситуацијата и ќе дојде до решение. Не му пречи конкуренцијата, туку таа само го поттикнува да сјае уште посилно. Овните ги следат своите планови и тие секогаш им се приоритет. Најдобро се снаоѓаат како агенти за продажба, трговци, менаџери или сопственици на претпријатие.

Иако е мудар и штеди за црни денови, тоа и баш не е чест случај. Причина за тоа е што Овенот троши пари на коцкање и трговија. Живее во реално време и не е фокусиран на иднината, неговата филозофија е дека треба да живее во сегашноста. Во една работа може да бидете сигурни, а тоа е дека ужива во сето тоа.

Маркетинг

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Back to top button