Патувања

Оваа зимска бајка во близина на Скопје нуди европско искуство по балканска цена – за 25 евра цел ден ќе скијате, а гратчето како од сликовница

На неколку часа од Македонија, со цени што сè уште се „човечки“.

Advertisement

Кога зимата започнува да се чувствува и мислите за скијање се враќаат во фокусот, некои дестинации веднаш паѓаат на ум – Австрија, Италија, Швајцарија… Но, ако барате комбинација од блискост, пристапни цени и квалитетни ски-патеки, една дестинација во соседството се повеќе се издвојува.

Станува збор за Колашин во Црна Гора. Многумина го знаат како летна дестинација поради блискоста до приморјето, но планинските врвови на Бјеласица остануваат во сенка, и тоа е голема грешка, особено за скијачите од регионот.

Advertisement
фото-принтскрин јутјуб

Од Скопје до Колашин има приближно 320 километри, а патувањето со автомобил трае околу 6 часа. Превозот е лесен бидејќи не се потребни визи, а граничните процедури се брзи.

фото-принтскрин јутјуб

Две локации – едно големо скијачко искуство

Колашин се состои од два центри: Колашин 1450 и Колашин 1600. Спојувањето на овие две локации создаде современо скијачко одморалиште со околу 45 километри уредени ски-патеки, што го прави едно од најголемите во регионот.

фото-принтскрин јутјуб

Колашин 1600 се наоѓа на 12 километри од центарот на градот и нуди ски-школа, детска патека, ски-лифт за почетници и шестоседна жичарница К8 која води до 8 патеки (2 сини, 4 црвени и 2 црни) со вкупна должина од 10,5 километри.

фото-принтскрин јутјуб

Колашин 1450 е поблиску до градот, на само 8 километри, и располага со 17 километри скијачки патеки. За туристите е достапен и автобус кој сообраќа до обете локации или можност за сопствен превоз, а на располагање се и паркинзи на двете скијалишта.

фото-принтскрин јутјуб

Цени што ги прават достапни зимските авантури

Ски-картите се достапни и прифатливи, особено во споредба со центри во Западна Европа. За Колашин 1600 дневниот ски-карта чини околу 25 евра за возрасни и 17 евра за деца, додека тридневниот пакет е околу 56,5 евра за возрасни и 37,5 евра за деца.

Изнајмувањето на опрема (ски, чевли и стапови) се движи околу 10-15 евра дневно, а агенциите понекогаш нудат попуст до 40%.

фото-принтскрин јутјуб

Сместувањето е различно – приватни апартмани и пансиони се најбараните опции, со цени од 25 до 40 евра по лице, додека хотелите со поголем комфор и услуги почнуваат од околу 60 до 80 евра по лице со појадок.

Градот пак, живее со зимската идила со мали кафулиња и гостилници со топол чај и ракија, ресторани со традиционална црногорска кујна и чувство дека сте добредојдени, без разлика дали сте турист или локален гостин.

фото-принтскрин јутјуб
фото-принтскрин јутјуб

Понуда надвор од ски-патеките

Покрај класичното скијање и сноубординг, Колашин нуди активности како хајкинг, нордиско скијање и возење со квадови.

Опциите за забава и активен одмор го прават Колашин интересен избор за семејства, групи пријатели и сите кои сакаат комбинација од спорт и релаксација.

Идеален избор за семејства и почетници

Колашин е особено привлечен за семејства. Патеките се безбедни, школите за скијање се добро организирани, а атмосферата е опуштена, без метежот и притисокот што често го има во поголемите европски и балкански центри. За децата, снегот овде не е само спорт, туку целосно доживување!

фото-принтскрин јутјуб
фото-принтскрин јутјуб

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Реклама

Поврзано

Back to top button