CelebrityНаши ѕвезди

Оваа зима никогаш не била поволшебна – Сара Мејс ја раздрма сцената со хит што трепка на максимум! (видео)

Advertisement

На само неколлку седмици пред највозбудливата ноќ во годината, празничната еуфорија веќе почнува да се буди, и тоа со стил. Сара Мејс и вокалниот квартет „The Girlzz“ ја внесуваат магијата на декември со својата нова празнична песна „Нека трепка“, која веќе на прво слушање плени со топлина, нежност и новогодишен сјај.

Квартетот, составен од Сара Мејс, Ана Петановска, Калина Велковска и Теа Богатинова, повторно покажува дека женската вокална хармонија може да звучи моќно, современо и искрено. Музиката и текстот ги потпишува токму Сара, а аранжманот го изработи познатиот композитор и продуцент Роберт Билбилов, кој на песната ѝ даде модерна, филмска и празнична атмосфера.

Advertisement

„Нека трепка“ е песна што ја носи суштината на декември, топли средби, светла што блескаат насекаде, мирен семеен амбиент и она чувство на тивка еуфорија што доаѓа со последните денови од годината. Спотот, снимен на две локации, Маврово и Скопје, ја доловува токму таа магична декемвриска бајка. Преку интимни кадри, природни пејзажи, меки бои и внимателно создадена атмосфера, визуелната приказна ја следи топлината што доминира во самата песна.

Нежно, интимно и со празничен сјај, видеото совршено ја надополнува музичката приказна на „The Girlzz“. Се чини дека оваа зима, благодарение на Сара Мејс и „The Girlzz“, ќе „трепка“ уште посилно.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Реклама
Back to top button