Оваа жена му го украде срцето на Македонецот што го воодушеви Балканот со својот прекрасен глас
Настапи срамежливо, но кога запеа сите ги воодушеви

Пејачот Кире Науноски ги воодушеви сите со својот настап во „Никогаш не е доцна“, а многумина освои и со својата искреност.
Имено, тој отворено зборуваше пред камерите за тоа дека е голем „тремарош“, иако веќе со години се занимава со музика.
Но кога запеа сите беа изненадени од неговиот талент, па доби само позитивни коментари од жирито, но и од гледачите на социјалните мрежи кои беа воодушевени од неговиот настап.
Принтскрин/ Јутуб, Гранд
Многумина веќе му предвидуваат голем успех во ова шоу, а Кире сега ги изненади фановите и со една фотографија.
Имено тој објави заедничка фотографија со сопругата која беше со него и во студиото за да му даде поддршка.
Принтскрин/ Јутуб, Гранд
Тие и двајцата блескаат еден покрај друг, а како шармантниот пејач изгледа во прегратките на најважната жена во неговиот живот, погледнете од фотографијата во продолжение…
Фејсбук/ Кире Науноски
Потсетуваме, Кире е од Свети Николе, а за време на натпреварот имаше поддршка и од Тијана Дапчевиќ која беше дел од жирито.
Фејсбук/ Кире Науноски
Тие цело време зборуваа на македонски јазик, по што Кире запеа и со својот глас и изведба никого не остави рамнодушен.
Фејсбук/ Кире Науноски
Како сето тоа изгледаше, потсетете се во продолжение…