Оваа жена му го освои срцето на Благоја – многумина му завидуваат што има 24 години помлада невеста
Беше и остана еден од најпознатите фолк-пејачи

Познатиот фолк-пејач, Благоја Грујовски, на социјалните мрежи често споделува моменти од неговите настапи и дружбите со колегите музичари, но многумина би рекле дека својот приватен живот го крие далеку од очите на јавноста.
Благој по еден неуспешен брак својата среќа ја пронајде покрај 24 години помладата Ирена со која има еден син и складен брак.
Фејсбук/ Благоја Грујовски
Тој има син и од претходниот брак со една од нашите најпознати водителки и некогашна Мис Македонија, Татјана Стојановска.
Тие и по разводот останаа во добри, пријателски односи, најмногу заради нивниот син Матеј кој сега веќе е возрасен и живее сам.
Фејсбук/ Благоја Грујовски
Благоја повеќе пати досега има истакнато дека е среќно оженет човек и дека ужива во брачниот живот, а неговата понежна половина има потполно разбирање за неговата професија и отсекогаш му била голема поддршка во животот.
Тие иако ретко се појавуваат во јавноста заедно, Благоја понекогаш знае на социјалните мрежи да сподели моменти со сопругата.
Благоја во младоста
И секогаш кога пејачот ќе сподели некоја нивна заедничка фотографија следуваат бројни комплименти на сметка на нивниот изглед.
Имено, Благоја е мошне активен на социјалните мрежи и го следат голем број луѓе, а во главно споделува фотографии од своите патувања и настапи, но и на кои е со колегите со кои е близок.
Тој е еден од најпочитуваните меѓу естрадните уметници и за него сите имаат само пофални зборови, за што сведочат и овие негови објави на кои секогаш е насмеан и во друштво на нашите најпознати пејачки, како и негови бројни колеги од новинарската фела.
Фејсбук/ Благоја Грујовски
Благоја како татко и сопруг
Што се однесува до тоа дали неговата млада сопруга е љубоморна што постојано е опкружен со убави жени, Благоја вели дека Ирена има разбирање за неговата професија, но и дека со повеќето колешки се познава и има одличен однос со нив.
„Па не, јас сум опкружен со жени постојано и тие се од мојот многу близок, близок круг, тоа се жени мои колешки од естрадата, со нив егзистирам, со нив работам со нив живееме, тоа се мои сестри, и Ирена повеќето ги познава“, изјави Благоја во една пригода во интервју за Гламур магазин (повеќе за ова тука).
Фејсбук/ Благоја Грујовски
Но Благоја знае да сподели и по некоја семејна фотографија, како на пример што е оваа, на која пејачот блеска од среќа.
Потсетуваме, Благоја и Ирена оваа година слават 16 години брачен живот, а пред да се земат во 2009 година, две и пол години беа во врска.
Ирена тогаш, како невеста, беше во шестиот месец од бременоста, така што по неколку месеци се роди и нивниот син Марко.
Фејсбук/ Благоја Грујовски
Каков е пејачот како татко, но и како сопруг и зошто го нарекуваат македонскиот Доријан Греј, дознајте тука.