Наши ѕвезди

Оваа згодна мама со потекло од Македонија го сподели најемотивното видео – плаче и зборува за себе

„Ова со години го носам во себе, ама никогаш не сум го кажала на глас“ вели Даниела во своето обраќање на социјалните мрежи.

Advertisement

Познатата манекенка сними видео за својата внатрешна борба и со истото привлече големо внимание.

Таа за време на снимањето и се расплака, па ова видео стана вирално и го пренесоа голем број медиуми од регионот.

Advertisement

Станува збор за манекенката Даниела Димитровска, поранешна сопруга на Огњен Амиџиќ, водителот на „Ами-џи шоуто“.

Инстаграм/ Даниела Димитровска

„Не знаев како да го започнам ова видео, па само седнав и почнав да зборувам. Без план. Без обид да бидам силна, ако во тој момент не сум. Испадна се – и смеење, и солзи. И речениците кои никогаш не сум ги кажала на глас, а со години ги вртам во главата“, започна таа во видеото.

Advertisement

Таа потоа продолжи да изнесува лични работи за себе, но и со истите да им покаже и на останатите што се чувствуваат така не се сами.

Инстаграм/ Даниела Димитровска

Тоа пред сé се однесува на сигурноста, дека и таа по некогаш не е сигурна во самата себеси како и многу други.

Инстаграм/ Даниела Димитровска

Иако тоа на прв поглед можеби и не изгледа така, таа учи како да с прифати самата себеси, без грижа на совеста.

„Секој пораз го доживував како личен неуспех. Секоја грешка како доказ дека не сум доволно добра. И премногу долго го носам тоа прашање со себе – дали сум добра мајка? Добра ќерка? Добар партнер, пријател? Во моментите кога најмногу ми треба разбирање, јас бев најстрога кон самата себеси. Учам да бидам доволна на самата себеси. И ако некогаш се запрашате дали сте доволно добри, веќе со тоа покажувате дека ви е грижа. А тоа е сила, не слабост. Ви се заблагодарувам што сте тука. Што гледате. Што ми давате простор да бидам и многу ранлива. Сакам ова видео да биде мотивација за сите вас, за мене, за сите нас кои се уште учиме да се сакаме без она ‘ама’“, додаде таа.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by DANIJELA DIMITROVSKA (@danijeladimitrovska)

Потсетуваме, Даниела е позната манекенка и водителка која живее во Белград и која пред неколку месеци наполни 38 години.

Инстаграм/ Даниела Димитровска

Но таа иако е на прагот од петтата деценија се уште изгледа како во своите најдобри денови, а зад себе има и една бременост.

Инстаграм/ Даниела Димитровска

Таа од бракот со Огњен Амиџиќ има добиено дете кое остана да живее со неа по разводот, а често споделува фотки и со новото момче.

Огњен за неа ја има напишано познатата песна Македонка, а повеќе фотки од оваа убавица погледнете тука.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button