Оваа вест за „Лидл“ ќе израдува многумина, а посебно љубителите на доброто пиво – ќе се изненадите
Единственото тажно во оваа вест е тоа што ние се уште немаме „Лидл“ и што ова се случува далеку од нас...
И додека кај нас маркетите се соочија со сериозен бојкот на граѓаните, вработените во „Лидл“ во Северна Ирска си имаат малку поинакви проблеми. И тоа не со граѓаните, туку со судовите, а сето тоа за да им угодат на своите потрошувачи….
Како што пишуваат британските медиуми, „Лидл“ во Северна Ирска планира да ги изненади своите муштерии со една интересна новина.
Имено, наскоро оние што купуваат во нивните маркети шопингот ќе им биде многу поинтересен, барем за одредена група на граѓани.
Тие отсега не само што на ова место ќе можат да го купуваат своите омилени производи по најниски цени, туку истовремено ќе имаат можност и да уживаат во паб што ќе биде отворен во самиот маркет и да пијат пивце, пишуваат медиумите.
Фото: Унсплаш
Станува збор за маркет во Дундоналд, во близина на Белфаст, каде „Лидл“ конечно доби дозвола да го отвори својот прв паб.
Тие веќе долго време имале планови да отворат паб, и тоа во договор со локални сопственици на бар.
Фото: Унсплаш
Но според законите во Северна Ирска нова дозвола за отворање на бар не може да се дозволи без враќање на друга лиценца. И токму затоа „Лидл“ од 2020 се обидува да добие дозвола за оваа намена, но сега оваа пречка е надмината и Лидл ги исполнува условите.
Од „Лидл“ за сега се уште не откриваат кога ќе го отворат својот прв паб и како тој е изгледа, а на социјалните мрежи со воодушевување е прифатена оваа идеја од страна на нивните потрошувачи од целиот свет.