Оваа убавица со неверојатен глас го наследи талентот од тато – донесе цунами на Макфест, а допрва ќе прави лом на музичката сцена
Има и глас и убавина.

Харизматичната и талентирана пејачка, Битолчанката Санела Шукриевска дебитираше на годинешниот Макфест со песната „Цунами“, чиј комплетен автор е Кирил Зарлинов (дј Ерик Фокс), а миксот и мастерот се на нашиот познат хит-мејкер и продуцент Јован Јованов. Стилот на песната е поп-денс.

Санела е студентка на Правен факултет, а завршила како виолинистка во Средното музичко училиште во Битола.
Advertisement

Нејзиниот музички талент го наследила од татко ѝ кој исто така се занимавал со музика и ја охрабрил да се запише во музичко училиште.

Професионално започнува да се занимава со пеење на 15-годишна возраст, настапувајќи на бројни настани низ цела Македонија. Зела учество на фестивали во Грција и Молдавија, каде што освоила први места.

„Цунами“ е нејзината прва песна која веќе допре до срцата на слушателите, а веруваме дека во иднина, Санела ќе направи вистинско цунами на музичката сцена.



