Оваа убавица му го украде срцето на пејачот од Македонија што растури во „Ѕвездите на Гранд“
Од нула до седум гласови

Овој натпреварувач од Македонија со својот моќен настап ги изненади сите во популарното шоу „Ѕвездите на Гранд“.
Станува збор за Иван Милевски на кого ова му беше второ појавување во ова шоу, но за разлика од првиот пат, кога не доби ниту еден глас, пејачот брилираше и ги освои сите седум гласови.
И како што самиот откри подоцна, тајната е во тоа што овој пат избрал репертоар кој му лежи многу повеќе.

Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд
Репертоарот го избирав со татко ми кој е музичар, а вереницата секогаш беше тука и ме бодреше, изјави тој за „Гранд“.
Инаку, неговата вереница и овој пат беше во бекстејџот да го бодри, а сите ги воодушеви и со нејзиниот шарм.

Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд
Таа во еден момент се опушти и заигра со водителот, пресреќна што нејзиниот иден сопруг помина одлично во шоуто.

Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд
Потсетуваме, Иван минатата година беше речиси „исфрлен“ од шоуто, а Марија Шерифовиќ и Босанац најмногу го критикуваа.
Но овој пат сите го сакаа во својот тим, а тој за свој ментор ја избра Светлана Цеца Ражнатовиќ поучен од тоа декатаа одлично соработува со кандидатите од Македонија, како што беше и Никола Станишиќ, победникот од претходната сезона.

Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд
Инаку, Иван е роден во Велес, 1999 година, а има завршено Музичка академија, исто како и неговиот сограѓанин, Мики Секуловски, кој исто така беше во тимот на Цеца и кој постигна одличен резултат.

Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд
Сепак, и покрај своето образование, себеси не се гледа како педагог, туку сака да и се посвети на музиката и пеењето.
Настапот на Иван погледнете го тука >>



