Celebrity

Оваа убавица ги напушти модните писти и стана калуѓерка – драматичен пресврт во животот на мисицата

Од писта до молитва, животниот пресврт на убавицата и мисица Камила ќеве остави без здив. 

Advertisement

Камила Лабигалин, убавица од Бразил, ја започна својата јавна кариера како манекенка и носителка на титулата „Miss Continente Teen Sol Nascente“. Со само 17 години, таа беше на пат да учествува на националниот избор за убавина, но ден пред натпреварот, донесе одлука која го промени текот на нејзиниот живот: се повлече од светот на модата и се посвети на духовниот пат.

принтскрин

На 18 години, Камила се приклучи на верската заедница „Апареида и Света Катарина“, поврзана со католичката конгрегација „Sancta Dei Genitrix“, под раководство на отец Жозе Рибамар Р. Дијас. Иако оваа заедница не е под директно покровителство на Римокатоличката црква, таа активно учествува во хуманитарни проекти, вклучувајќи помош за социјално загрозени лица и евангелизација.

Advertisement

Облечена во редовнички хабит и со марама на главата, сестра Ева, како што сега е позната, секојдневно работи во барови, продавници и на пазари, собирајќи средства за општествени проекти на заедницата. Таа, заедно со други сестри, патува низ различни градови каде што продаваат бројаници.

принтскрин

Покрај евангелизацијата, сестра Ева е и мисионерка која работи со луѓе кои се во состојба на социјална загрозеност. Конгрегацијата во која делува моментално спроведува повеќе од 18 општествено-хуманитарни проекти.

Неодамна, сестра Ева привлече внимание со својот спонтан битбокс настап на бразилската католичка телевизија „Pai Eterno“. За време на емисија посветена на духовните повици, таа и нејзината колешка сестра Маризеле Касијано изведоа изненадувачки музички перформанс, комбинирајќи битбокс и танц.

Advertisement

 

Овој момент, кој беше снимен и споделен на социјалните мрежи, стана вирален и привлече внимание и надвор од границите на Бразил. Настапот ја истакна нивната посветеност кон верата и нивната способност да ги комбинираат духовноста и современите изразни форми во служба на заедницата.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement
New Ad
Back to top button