Наши ѕвезди

Оваа убавица е ќерка на Сузана Турунџиева од бракот со Алекандар Маленко – на кого ви личи повеќе?

Млада дама која освојува со својот шарм...

Advertisement

Природна русокоса убавица

Позната водителка, писателка и пејачка Сузана Турунџиева (55) својата ќерка, Лора, ја доби од бракот со Александар Маленко.

Advertisement

Покрај Лора, Сузана ја има и ќерката Матеа, на кој пред неколку месеци и го прослави 16. роденден, а од првата ќерка го има и внукот Јаков, со кого водителката обожава да го минува времето.

Инстаграм/ Лора Турунџиева

Имено, Лора пред седум години стапи во брак, а следната година, односно во 2019-та, се оствари во улога на мајка.

Advertisement

Таа денес е дама која освојува со својот шарм, а поприлично е активна и на својот профил на социјалните мрежи.

Инстаграм/ Лора Турунџиева

Нејзините објави привлекуваат внимание, а многумина коментираат дека го наследила најубавото и од двајцата родители.

Инстаграм/ Лора Турунџиева

Таа детството го помина со својата мајка, а откако се омажи, Сузана остана со Матеа како нејзина најверна придружничка.

Инстаграм/ Лора Турунџиева

Тие и денес често патуваат заедно и се дружат, а Сузана ужива во секој момент поминат со нив за што сведочат и нејзините објави.

Некои од нив погледнете во продолжение…

Инстаграм/ Сузана Турунџиева

Мама со помалата ќерка

Инаку, и Сузана е мошне активна на Инстаграм, а покрај преубавите фотографии таа споделува и инспиративни пораки.

Една од нејзините последни пораки што ги сподели на својот Инстаграм профил прочитајте во продолжение:

Инстаграм/ Сузана Турунџиева

Со внукот Јаков

„Животот се состои од многу подеми и порази…Не е успешен оној кој не “паднал” туку оној кој после секој пад се труди да се исправи повторно. Искуството ми вели дека во животот многу битки ги губиме затоа што немаме доволно верба во себе…

Сигурна сум дека понекогаш полесно ни е да им поверуваме на другите отколку на себеси.

Дека полесно им помагаме на другите, отколку на себеси… Дека полесно им простуваме на другите отколку на себеси…

Вербата во себе е долг пат, но има финална дестинација, повредна од сите попатни станици…

Твојот успех е твојата верба! НЕ талентот, НЕ убавината, ниту пак благосостојбата…

ТВОЈАТА ВЕРБА!!!“, напиша Сузана на Инстаграм.

Инстаграм/ Сузана Турунџиева

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button