Наши ѕвезди

Оваа убавица е ќерка на еден од нашите најпознати парови – нејзината мајка мами воздишки и денес (фото)

И многумина велат дека многу си личат...

Advertisement

Прекрасна млада дама…

Нашата фудбалска легенда Дарко Панчев и Маја Гроздановска-Панчева имаат две преубави ќерки, Надица и Марија.

Advertisement

Тие и двете привлекуваат внимание на социјалните мрежи, а Марија стана и модел и успешно се занимава со оваа професија.

Инстаграм/ Марија Панчева

Имено, Марија е помалата ќерка на познатиот пар, а на социјалните мрежи не ретко споделува и моменти од својот живот.

Advertisement

И под секоја нејзина објава може да прочитаме голем број коментари на сметка на нејзиниот изглед, а многумина се согласни дека манекенката многу личи на својата позната мајка.

Инстаграм/ Марија Панчева

А дека тоа навистина е така може да се забележи и од последното издание што оваа млада дама го сподели на Инстаграм.

Имено, Марија позираше во бела кроп-топ блуска и тесни светли фармерки истакнувајќи ја својата тенка половина.

Инстаграм/ Марија Панчева

Неколку недели претходно, Марија позираше и во костим за капење, а како изгледаше и во ова издание, потсетете се тука.

Инстаграм/ Марија Панчева

Инаку, и Марија и нејзината сестра Надица живеат во Скопје, а Маја во една пригода за своите ќерки го изјави следново:

„Добро координираме во секакви ситуации, а самото тоа што сум горда на нив до досегашното, кажува сé. Нескромно можам да кажам дека за една мајка е најбитно своите деца да ги воспита правилно, а јас во тоа успевав и воопшто не жалам што ја запоставив кариерата за тоа“ сподели Маја во една пригода откривајќи детали од својот живот за Гламур.

На целото интервју со Маја потсетете се тука.

Инстаграм/ Марија Панчева

Инстаграм/ Марија Панчева

Инстаграм/ Марија Панчева

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button