Реклама
MAMAРецепти

Оваа салата е мајсторка за топење килограми – комбинацијата на намирници делува како терминатор за салото

Реклама

За време на студените денови, кога сме почесто дома и мрзеливи за каква било физичка активност, храната што ја конзумираме како да ни се „лепи“ за телото, а стрелката на вагата покажува дека полека (но, сигурно) таложиме килограми. А пред нас се уште и празничните денови кога, многумина од нас, ја губиме контролата подлегнувајќи им на вкусните специјалитети преполни со маснотии и шеќери.

Но, пред телесната тежина да ви стане проблем, навреме ви носиме здрав рецепт за салата која проверено помага во топење на килограмите. Салатата е полна со влакна, витамини и антиоксиданти кои го забрзуваат метаболизмот и помагаат во согорувањето на мастите.

Салата со авокадо и туна (мајсторка за топење килограми)

Состојки:

Маркетинг
  • 1 авокадо (богато со здрави масти)
  • 1 конзерва туна во вода (богата со протеини)
  • 1 чаша свежи листови спанаќ
  • 1/2 краставица (исечена на коцки)
  • 1/2 чаша чери домати (пресечени на половина)
  • 1/4 чаша лимонов сок (помага за детоксикација)
  • 1 лажица маслиново масло (здрави масти)
  • Сол и бибер по вкус
  • 1 лажица семе од чиа (или ленено семе) за дополнителен внес на растителни влакна

Начин на подготовка:

  1. Излупете го авокадото и исечете го на коцки.
  2. Во чинија, додадете ја туната во вода (исцедена), спанаќот, краставицата и чери доматите.
  3. Наросете маслиновото масло и лимоновиот сок.
  4. Зачинете со малку сол и бибер по вкус.
  5. Додадете ги семето од чиа или лененото семе за да ја зголемите содржината на растителни влакна (за забрзување на матаболизмот).
  6. Добро измешајте и сервирајте.

Зошто толку многу помага во процесот на согорување на мастите и слабеење:

Маркетинг
  • Авокадото има мононезаситени масти кои го стимулираат согорувањето на маснотиите и даваат чувство на ситост.
  • Туната е одличен извор на протеини кои помагаат да се одржи мускулната маса додека губите тежина.
  • Спанаќот е богат со витамини и минерали, а исто така содржи мало количество калории, што го прави идеален за диети.
  • Семе од чиа и ленено семе се одлични за дигестивниот систем, помагаат во регулирањето на метаболизмот и обезбедуваат влакна.

Оваа салата е идеална како лесен оброк за топење на килограми, а може да се јаде како оброк за појадок или вечера.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Back to top button