Наши ѕвездиНовости

Оваа русокоса убавица го освои срцето на финалистот од Македонија во популарното шоу на Гранд (фото)

Тие се заедно повеќе од една деценија, а најголема желба им е да се остварат во улога на родители

Advertisement

Миро важи за еден од фаворитите во шоуто

Пејачот Мирослав Тодосовски е еден од тројцата Македонци што оваа година стигнаа до финалето во „Никогаш не е доцна“.

Advertisement

Мирослав веќе долги години живее во Словенија со својата партнерка Алеша, која е Словенка и поранешна тенисерка.

Принтскрин/ Никогаш е доцна

Натпреварувачот и поранешната тенисерка во љубовта уживаат повеќе од една деценија, и таа му е најголема поддршка.

Advertisement

И како што самиот откри по неговиот последен настап, таа обожава да дојде со него во Белград и цело време го поддржува.

Принтскрин/ Никогаш е доцна

Тие живеат заедно од првиот ден, а веќе некое време се обидуваат и да стане во блажена состојба и да добијат деца.

„Планираме да одиме и на вештачко оплодување“, истакна во една од претходните емисии Миро пред камерите на „Гранд“.

Принтскрин/ Никогаш е доцна

Талентот за музика го има наследено од својот татко, а започнал со тапани на свои 13 години и од тогаш другарува со музиката.

Но покрај музиката, се занимавал и со многу други работи во животот, а како што самиот вели, нема проблем да работи било што, па така работел и како келнер, па дури и продавал весници на семафори.

Принтскрин/ Никогаш е доцна

И штом прв пат се појави на сцената и запеа, веднаш доби громогласен аплауз и сега важи за еден од милениците на публиката.

Фејсбук/ Алеша Багола

Неговата партнерка, Алеша Багола, беше на ВТФ листата со само дваесет години, но заради повреда се откажа од тенисот.

Фејсбук/ Алеша Багола

Токму заради тоа Жика Јакшиќ во една од претходните емисии пред камерите и кажа дека можела да биде како Моника Селеш, а коментарот на убавата поранешна тенисерка ги воодушеви сите во студиото.

„Можев, но тогаш немаше да го сретнам него“.

Фејсбук/ Алеша Багола

Како изгледаше и овој настап на Миро, погледнете во продолжение:

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button