Наши ѕвезди

Оваа русокоса убавица е родена сестра на Јанаки – ќе се изненадите колку си личат, исти очи и насмевка

Познатиот скопски адвокат објави фотографија од сестра му, имаше посебна причина за тоа...

Advertisement

Ги изненади сите со фотографијата

Познатиот адвокат Јанаки Митровски е еден од ретките во оваа фела кој често споделува фотографии на социјалните мрежи.

Advertisement

Но тој е често присутен и во медиумите, и тоа не само како гостин, туку и како водител во еден интересен подкаст, а на социјалните мрежи често објавува и приватни моменти со неговите најблиски.

Инстаграм/ Јанаки Митровски

Но и покрај тоа што е поприлично експониран, малкумина знаат дека Јанаки има сестра која е вистинска убавица.

Advertisement

Имено, Јанаки кој сака да споделува и моменти од секојдневието со своите најблиски, овој пат сподели фотка од сестра му.

Инстаграм/ Јанаки Митровски

И причината заради кој го направи тоа беше посебна – на неговата сестра и беше роденден, па оваа емотивна фотографија што познатиот адвокат ја сподели го привлече вниманието на фановите.

„Среќен роденден на мојата најубава и најдобра сестра Елена“, напиша Јанаки, а она што сите го забележаа на прв поглед е дека тие многу си личат, но и дека уживаат во моментите поминати заедно.

Инстаграм/ Јанаки Митровски

Препознатлив по стилот, но и како семеен човек

Потсетуваме, Јанаки е среќно оженет со Маријана Митровска, а круна на нивниот брак се нивните две дечиња.

Инстаграм/ Јанаки Митровски

Но Маријана не сака премногу да се експонира, а Јанаки во една пригода призна дека без сопругата би бил изгубен во животот и дека таа навистина е столбот во нивното семејство.

Инстаграм/ Јанаки Митровски

Како тогаш Јанаки ја изненади својата сакана и со кои зборови јавно и се обрати, погледнете и прочитајте тука

Инстаграм/ Јанаки Митровски

Инстаграм/ Јанаки Митровски

Инстаграм/ Јанаки Митровски

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Реклама

Поврзано

New Ad
Back to top button