Наши ѕвезди

Оваа Ромка е родена во Скопје, а денес важи за една од најбогатите пејачки – еве како печали пари

Никогаш не криела дека е Ромка, а кога ќе запее секогаш добива голем бакшиш

Advertisement

Хит снимка кружи на интернетот

Надица Адемов која како мала се пресели од Скопје и со родителите замина да живее во соседна Србија, во Суботица, денес важи за една од најпознатите, но најплатените пејачки од овие простори.

Advertisement

Таа иако беше поприлично сиромашна во младоста, со својата кариера успеа да заработи многу пари, а пред неколку години се омажи за богат бизнисмен од Германија со кого сега има две дечиња.

Инстаграм/ Надица Адемов

Но и покрај огромното богатство, Надица и денес секојдневно настапува, а на социјалните мрежи деновиве стана вирална една снимка на која во една белградска кафеана пејачката направи лом.

Advertisement

Станува збор за популарен локал во Белград, каде таа вечер беше полно и секое столче беше зафатено, иако влезницата беше 15 евра.

Инстаграм/ Надица Адемов

Надица цела вечер пееше и ги редеше своите хитови, но и хитовите на своите колеги и направи незаборавна забава.

Впрочем тоа може да се види и од снимката што кружи на интернетот, а на која Надица во рацете држи куп пари.

Инстаграм/ Надица Адемов

Па така со едната рака го држи микрофонот и полна со емоции ја пее песната, додека гостите цело време и даваат бакшиш.

И тоа најчесто странски пари, така што Надица само со оваа песна успеа да собере голема количина на кеш.

Како сето тоа изгледаше, погледнете во продолжение:

Принтскрин/ ТикТок

Потсетуваме, Надица се прослави во „Ѕвездите на Гранд“, а родена е во Скопје, каде нејзиниот брат Рамче живее и денес.

Принтскрин/ ТикТок

Пејачката како мала заедно со семејството се сели во Суботица, а нејзиното вистинско име е Надира Адемов.

Принтскрин/ ТикТок

Инаку, таа никогаш не го криела своето ромско потекло, за разлика од некои нејзини познати колешки.

Принтскрин/ ТикТок

„Познато е дека нашите најпризнати и најпознати пејачи се од ромска националности и не знам зошто би го криела тоа. Се ежам од оние што се кријат, а ги има многу такви“, изјави во една пригода популарната пејачка за магазинот „Стар“ додавајќи дека сите најпопуларни пејачи имаат ромска крв во себе, бидејќи на Ромите музиката им е во крвта.

Повеќе за животот на Надица, откријте тука.

@loca_loca_loca_

♬ original sound – loca_loca_loca_

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Реклама

Поврзано

New Ad
Back to top button