Нега и здравје

Оваа риба не треба да ја јадете, иако се продава во сите супермаркети – евтина е, но нутриционистите советуваат да ја избегнувате

Рибата што често ја наоѓаме по ниска цена во маркетите може да крие повеќе отколку што мислите. Иако изгледа безопасно и лесно се приготвува, нутриционистите и експертите за безбедност на храна сѐ почесто предупредуваат на потенцијалните ризици поврзани со потеклото и начинот на одгледување на оваа врста.

Advertisement

Освен што е сиромашна со омега-3 масни киселини, оваа риба содржи прекумерна количина на омега-6 масни киселини кои можат да поттикнат воспалителни процеси во телото.

Рибата што често ја наоѓаме по ниска цена во маркетите може да крие повеќе отколку што мислите. Иако изгледа безопасно и лесно се приготвува, нутриционистите и експертите за безбедност на храна сѐ почесто предупредуваат на потенцијалните ризици поврзани со потеклото и начинот на одгледување на оваа врста.

Advertisement

Особено под лупа се најде рибата панга (пангасиус) – риба што доаѓа од индустриски загадените води на Југоисточна Азија, а поради нејзината пристапна цена лесно завршува на трпезите ширум светот.

Во реката Меконг секојдневно се испуштаат отпадни води од фабрики за кожа и хемикалии, канализациските системи не се соодветно уредени, а земјоделските површини во близина дополнително ја загадуваат реката со остатоци од пестициди и ѓубрива, објаснува популарниот TSN.

фото-пекселс принтскрин

Популарна, а потенцијално штетна

Пангата е присутна на пазарот со години, а многу потрошувачи ја избираат поради ниската цена и неутралниот вкус.

Advertisement

Сепак, зад тоа наизглед безопасно филе се кријат можни здравствени ризици. Освен што е сиромашна со омега-3 масни киселини, оваа риба содржи прекумерна количина на омега-6 масни киселини кои можат да предизвикаат воспаленија во телото. Исто така, поради загадената средина во која се одгледува, во нејзиното месо често може да се најдат траги од антибиотици и пестициди.

Поздрави алтернативи: Која риба да се избере наместо панга?

Ако сакате да избегнете потенцијално ризични видови, експертите советуваат да избирате риба од проверени извори и помалку загадени води. Еве неколку препораки:

Лосос (див) – Богат со омега-3 масни киселини, витамини Д и Б12, дивиот лосос од северните океански подрачја важи за една од најздравите риби.

фото-пекселс принтскрин

Скуша – Оваа мрсна морска риба изобилува со омега-3 киселини и има изразен вкус. Идеална е за печење или приготвување на скара.

Сардина – Евтина, достапна и многу хранлива. Сардините се мали, брзо се размножуваат и не акумулираат тешки метали како поголемите риби.

Пастрмка – Особено ако е од планински потоци или контролирани рибници. Нискокалорична е, но богата со нутриенти.

Ослич – Лесна, немасна риба со благ вкус, добра за деца и за оние кои не го сакаат интензивниот „рибен“ вкус.

Бакалар – Богат со протеини, а сиромашен со масти. Чест избор за време на пости и во здрави диети.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button