Оваа песна на Влатко е аманет од вујковците Војо, Билјан и Никодин – братучедите планини поместуват со неа
Од колено на колено, непроценливо наследство...

„Со вакви братучеди и планина се поместува!“
Пејачот Војо Стојаноски кој беше легенда на македонската народна музика почина н 6. Мај 2014 година од рак на панкреас.
Војо зад себе остави големи хитови кои ја одбележаа неговата кариера, но и аманет што го пренесе на својот син и внуците – да ја чуваат и негуваат македонската песна, што тие успешно го прават.
Принтскрин/ Фејсбук, Алфа ТВ
Една од овие песни е и песната „Севде“ која неодамна Влатко Миладиноски заедно со братучедите ја изведе на концертот во Охрид.
Тој сега сподели и снимка од овој нивен настап со која ги воодушеви неговите бројни обожаватели на социјалните мрежи.
Гламур магазин
„’Севде’, една од моите најдраги песни, испеана заедно со моите братучеди Дамјан и Дарко Стојаноски. ❤️Image Оваа песна е аманет од нашите вујковци Војо, Билјан и Никодин, пренесена од нашиот дедо Драге – од колено на колено, непроценливо наследство. Со вакви братучеди и планина се поместува!, напиша Влатко во описот на видеото што тој сега го објави на Фејсбук. ,
Како сето тоа изгледаше, погледнете во продолжение:
Инаку, на Фејсбук постои и една снимка на која се гледа како истата песна ја изведуваат Војо и Билјан Стојаноски.
Принтскрин/ Фејсбук, Алфа ТВ
Како звучи и оваа верзија на песната слушнете на крајот од текстот.
Потсетуваме, Влатко е внук на Војо Стојаноски, додека Дамјан е негов син, а Дарко Стојаноски е син на Никодин Стојаноски.
Принтскрин/ Фејсбук, Алфа ТВ
Тие тројцата заедно неодамна на концертот на Влатко во Охрид ја воодушевија публиката кога на сцената запеаја заедно.
Како сето тоа изгледше, погледнете тука.