Оваа недела во нашите храмови низ Европа ќе се одржат литургии и ќе се собираат пари за настраданите
Ширум Европа литургии за настраданите

Ова ќе биде ден за молитви, но и за солидарност, кога верниците, обединети во својата тага и болка, ќе можат, секој според своите можности, да донираат за помош на семејствата на настраданите, но и за семејствата на сите оние кои моментално се на лекување во болниците.
Во сите храмови на Европската епархија на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, во недела, на 23 март, ќе се одржат молитви за настраданите во пожарот во дискотеката „Пулс“, додека верниците од европските земји ќе собираат пари за помош на семејствата кои ги изгубиле своите најмили како и за оние кои се уште се борат за својот живот.
Како што е објавено на интернет страницата на Европската епархија на МПЦ-ОА и тоа истиот ден кога роднините и најблиските ги испраќаат во вечно почивалиште своите најмили, ширум Европа, во недела во сите храмови на Европската епархија на нашата православна црква ќе бидат отслужени литургии за покој на душите на прерано претставените пред Бога чеда Божји и молебен за исцеление на оние кои се на лекување, пишува во објавата на Европската епархија.
Ова ќе биде ден за молитви, но и за солидарност, кога верниците, обединети во својата тага и болка, ќе можат, секој според своите можности, да донираат за помош на семејствата на настраданите, но и за сите оние кои се на лекување.
Драги наши браќа и сестри,
Додека заеднички ја споделуваме болката од загубата на младите животи и траеме во надежта за исцеление на повредените, во сите храмови низ Европската епархија во недела на 23.03.2025г. ќе бидат отслужени литургии за покој на душите на прерано претставените пред Бога чеда Божји и молебен за исцеление на оние кои се на лекување.
Воедно ве известуваме дека после литургиите ќе можеме да го покажеме нашето милосрдие и да донираме според можностите, во специјално за оваа намена, фондови за помош на настраданите.
Фондовите ќе бидат транспарентно. Пишува во објавата на Европската епархија, а во продолжение се вели и следново:
„Во оваа прилика ги објавуваме лицата за контакт од нашите црковни општини, како би можеле родителите или роднините кои доаѓаат во придружба на своите чеда да ги контактираат за логистичка и материјална поддршка. Со вера во воскресение и живот вечен во Христа, и со надеж за исцеление остануваме отворени за секаква соработка и помош“, пишува во објавата на Европската Епархија со благослов на митрополитот европски Пимен.
Целото соопштение може да го прочитате тука.

Трагедија што Македонија ја зави во црно
Потсетуваме, во страшната несреќа што се случи во дискотеката „Пулс“ во Кочани почина 59 лица, од кои шест малолетници.
Три малолетни лица имале 16 години, тројца 17, а четири жртви биле на возраст од 18 години. Една жртва имала 19 години, две имале по 20 години, шестмина од настраданите биле на возраст од 21 година, седум имале по 24 години и три лица имале по 25 години.
Останатите настрадани се на возраст од 26 и 48 години.
† Оние кои ќе им пријдат на страдалниците природно Му се приближуваат на Бог, зашто Бог е секогаш покрај своите чеда кои страдаат. – Старец Пајсиј Светогорец