Наши ѕвездиСтил

Оваа млада дама од семејството на Панчев го освојува Инстаграм – но погледнете, и мама блеска

Невидено издание на познатите дами

Advertisement

Тренд што ги освои и нашите дами

Веќе и врапчињата на гранките знаат дека Дарко Панчев и Маја Гроздановска Панчева имаат ќерки што оставаат без здив.

Advertisement

Но овој пат во фокусот ни е помалата, Марија, која полека, но сигурно станува препознатливо лице од модните писти, но и македонска модна икона од социјалните мрежи.

Инстаграм/ Марија Панчева

Имено, Марија е мошне активна на социјалните мрежи и често со своите објави ги воодушеви како мажите, така и дамите.

Впрочем тоа може да го кажеме и за ова нејзино издание во кое во главна улога е раскошната бунда што ја носи.

Инстаграм/ Марија Панчева

Во истиот модел се сликаше и нејзината позната мама, а како изгледаа овие две прекрасни дами, погледнете во продолжение:

Инстаграм/ Марија Панчева

Потсетуваме, кафеавите капути и бунди се еден од водечките трендови за оваа сезона, за што сведочат и модните ревии.

Инстаграм/ Марија Панчева

Оваа боја доминираше на модните писти, а ваквото сценарио беше логично бидејќи кафеавата боја веќе некое време е на радарот.

Инстаграм/ Марија Панчева

Па така капутите и бундите во оваа нијанса оваа сезона ќе ги гледаме на секој чекор, а главна предност е што овој колорит многу лесно се комбинира со повеќето облека што ја носиме во овој период од годината. Тоа го забележавме и кај овие две наши прекрасни дами, а Марија воодушеви и со чантичката од познатиот дизајнерски бренд.

Инстаграм/ Марија Панчева

И како што пишува модната библија „Вог“, ако постои капут што зрачи со луксуз и удобност, тогаш тоа дефинитивно е капутот направен од крзно. Од минималистичките, па се до винтиџ моделите, а клучот е – да биде XL во кој ќе се чувствувате како да сте замотани во вашето омилено ќебенце, но не било какво, туку она со многу повеќе „глам“ во себе.

Неколку интересни капути и бунди во оваа боја од најновите колекции на брендовите, погледнете на следната страница…

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
1 2Следна страница
Реклама

Поврзано

Back to top button