Оваа млада дама е нашата нова музичка ѕвезда – цела Македонија ја воодушеви со новата песна
Таа е ќерка на наша позната пејачка

Новиот спот ги воодушеви сите
Пред неколку дена излезе новиот спот на Драгана Јовановска, ќерката на една од нашите најпознати фолк-пејачки.
Имено, Драгана е ќерка на Тања Јовановска-Трајкова, а нејзиниот нов спот за песната „Оди си“ веќе брои преку 100.000 прегледи.
Инстаграм/ Драгана Јовановска
Премиерата на спотот беше на 1 јуни, што значи дека овие бројки се за помалку од една недела што е неверојатен успех.
Наследничката на Тања изгледа мошне провокативно во спотот, а реакциите и коментарите се и повеќе од позитивни.
Инстаграм/ Драгана Јовановска
Потсетуваме, Драгана оваа година беше матурантка, а нејзината позната мајка неодамна се пофали и со нејзиното матурско издание.
Принтскрин/ Јутуб
Младата пејачка тогаш блесна во црна елегантна тоалета, а како изгледаше и во ова издание, погледнете тука.
Инстаграм/ Драгана Јовановска
Инаку, Драгана заедно со своите родители овие денови имаше уште една многу убава причина за славење.
Инстаграм/ Драгана Јовановска
Тие пред само неколку дена го отворија нивниот нов ресторан во Куманово, а на отворањето беа многу наши познати личности.
Повеќе за ова прочитајте тука.