Наши ѕвезди

Оваа Македонка беше во шок од жирито во „Гранд“ – по скандалот нервозно ја напушти сцената (видео)

Еве и што прави денес Еми

Advertisement

Од мали нозе другарува со музиката, но скандалот што го доживеа во „Ѕвездите на Гранд“ нема никогаш да го заборави.

Емилија Цветковска Еми имаше непријатно искуство во „Ѕвездите на Гранд“ кога доби шест „паник“ гласови од жирито.

Advertisement

Таа во минатата година беше се појави во шоуто, а жирито беше едногласно, така што пејачката дури и не успеа да ја заврши втората песна.

Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд

Еми своето разочарување не го криеше, така што по настапот во разговор за новинарите призна дека не го очекувала ова и дека никогаш повеќе не би се пријавила во ова музичко шоу.

Таа призна дека е во шок и нервозно изјави дека не го очекувала ова, посебно што има завршено музичко училиште и досега има соработувано со многу познати музичари. Како што самата изјави тогаш, таа во Македонија има издадено и албум, но и бројни настапи и концерти, па ова за неа било брутално и тотално поразително.

Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд

„Можеби очекуваа Маја Оџаклиевска, но јас имам потполно поинаков стил на пеење, и она што го испеав не им се допадна“, заклучи таа.

Од Макфест до Ѕвездите на Гранд

Потсетуваме, Емилија Цветковска – Еми е македонска пејачка и кантавторка, која својата музичка кариера ја започнува на само 17 години со настап на музичкиот фестивал „Макфест“.

Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд

Оттогаш, учествувала на многубројни домашни и меѓународни фестивали, соработувала со познати композитори и продуценти, а е препознатлива и како дел од бендот „Ред гарден“.

Инаку, Емилија својата кариера ја започна уште додека учеше во средното музичко училиште Илија Николовски Луј. Таа тогаш случајно беше пријавена во музичкото талент шоу „Мак-ѕвезди“ кое го водеше легендарниот Драган Вучиќ и тогаш успеа да стигне до финалето. По големиот успех во ова шоу доби понуда да работи со Јован Јованов и дебатираше на „Макфест“ во 2007 година.

Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд

По непријатната ситуација и скандалот што и се случи во„ Ѕвездите на Гранд“, Емилија продолжи да се занимава со пеење, а пред неколку месеци ги изненади сите со нејзината преработка на некогаш популарната песна „Сакај ме ти“ од пејачката Маја Грозданоска Панчева, која што ја реализираше со Александар Ристовски Принц.

Таа е поприлично активна и на својот профил на социјалните мрежи, а пред неколку недели можевме да ја слушнеме и нејзинатга најнова макфестовска песна насловена како „Без компромиси“.

Како изгледаше настапот на Еми во „Ѕвездите на Гранд“ и дали заслужи шест „паник“ гласови, потсетете се тука.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Реклама

Поврзано

Back to top button