Celebrity

Оваа хит песна на Џеј била наменета за Никола Роквиќ, но тој одбил – не е кому е понудено, туку кому е судено

На крајот, песната завршила кај Џеј и стана голем хит.

Advertisement

На музичката сцена не е реткост пејачите да одбијат песна која потоа станува огромен хит, но испеана од нивен колега. Таква е и приказната на Никола Роквиќ, кому била понудена песната „Имати па немати“, денес позната како еден од најголемите хитови на Џеј.

„Некад типуваш на една песма, а поминува друга. Тоа е како што мојот татко Маринко не сакаше да стави една песна на својот албум „Ти за љубов не си родена“ додека мајка ми не рече дека таа нумера е најдобра и ја остави, и баш таа песна помина. Ми беше понудена песната „Имати па немати“ од Џеј Рамадановски, но јас не ја препознав. Меѓутоа, мислам дека повеќе беше за него. Не е кому е понудено, туку кому е веќе судено“ изјавил Роквиќ за српските медиуми

Advertisement

Според неговите зборови, песната „Имати па немати“ не била создадена првично за него, туку претходно била уште понудена и на Харис Џиновиќ. На крајот, песната завршила кај Џеј и стана голем хит.

Имено, особено кај помладите пејачи, во светот на музиката, понекогаш само еден погрешен избор може да ја промени целата кариера. Не е тајна дека многу денешни големи ѕвезди одбиле песни што подоцна станале мегахитови во рацете на други изведувачи. Така, на пример, Цеца Ражнатовиќ еднаш ја одбила песната „Молитва“ која подоцна ја донесе победата на Евровизија на Марија Шерифовиќ, а Жељко Јоксимовиќ наводно не бил заинтересиран за една композиција што подоцна ја отпеала Јелена Томашевиќ и ја претворила во хит балада. Слични приказни кружат и за Северина и Лепа Брена, кои во одреден момент се двоумеле околу песни што потоа станале препознатливи за нивните колешки.

Advertisement

Интересно е што ваквите случаи не се реткост, а често докажуваат дека не само гласот, туку и моментот, интуицијата и емоцијата се тие што создаваат вистински хит. Некои автори велат дека песната „си го наоѓа патот“ до својот пејач, дури и ако прво е одбиена од некој друг пејач.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Реклама
New Ad
Back to top button