Реклама
Коса

Трајната фризура се врати во мода, подобра од кога било досега – погледнете ги овие совршени бранови во косата

Реклама

Осумдесеттите години од минатиот век засекогаш ќе останат запаметени и по тоа што според правилата на модниот и козметичкиот свет тоа беше еден од најгласните и најлудите периоди. Силните бои и нагласените силуети кои ги истакнуваа рамениците или колковите ги красеа најпосакуваните парчиња, а во светот на убавината „повеќе е повеќе“ беше новиот идеал.

Покрај истакнатите веѓи и нагласените образи со розово руменило и сина сенка за очи, меѓу најпопуларните бјути трендови во осумдесеттите беше и трајната фризура која со помош на ситни и густи витканици внесуваше совршен волумен. А бидејќи волуменот и денес е еден од идеалите што го бараме кога е во прашање совршена фризура, сега во мода се многу посуптилни форми од оние што се бараа во 80-тите. По премногу лошите трајни во осумдесеттите и деведесеттите спасот го побаравме во пеглата за коса, па совршено исправената коса стана нов тренд.

Маркетинг

Сепак во последните неколку месеци популарните девојки совршениот волумен повторно го пронајдоа во трајните фризури. Познатите фризери со помош на нови техники направија нова трајна фризура, па така денес наместо фризури кои се ноќна мора, новото издание на овие фризура е со раскошни бранови и доза на волумен кој ласка на секој тип на коса и секој облик на лице.

Маркетинг

https://www.instagram.com/p/Be5_QMiHsll/?utm_source=ig_embed

Овој тренд стана популарен особено откако ИТ девојките како Ема Стоун, Џенифер Лопез и Оливија Мун ни ја открија убавината на новите трајни фризури.

https://www.instagram.com/p/BPHnttiB3P3/?utm_source=ig_embed

Процесот на креирање на овие фризури денес многу се разликува од оној од пред десет години. И додека во осумдесеттите витканиците беа еднакви, густи и цврсти, денес можете да ја избирате текстурата која сакате да ја постигнете со трајната фризура – од онаа совршена „beach waves“  коса која е одличен избор за топлиот период од годината, до раскошни витканици кои ќе внесат дополнителни текстури и волумен во косата, но таа се уште ќе изгледа природно. Од друга страна покрај самата техника и производите што се користат денес се многу поразлични. Без амонијак тие се многу понежни кон нашата коса, па така со правилна нега, последиците се гледаат само во формата на новата прекрасна фризура, без да имаме проблеми со оштетени влакна.

https://www.instagram.com/p/Betj-L7lLGn/?utm_source=ig_embed

https://www.instagram.com/p/BhpFZy5BRpd/?utm_source=ig_embed

https://www.instagram.com/p/BOKwOSKAXR1/?utm_source=ig_embed

https://www.instagram.com/p/BhjyfwXBMwy/?utm_source=ig_embed

https://www.instagram.com/p/BgPP-MBFx-m/?utm_source=ig_embed

https://www.instagram.com/p/Bkfxh8Whf4L/?utm_source=ig_embed

https://www.instagram.com/p/Be3hCWhDdsW/?utm_source=ig_embed

 

 

 

 

 

 

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button