Оваа фризура е хит и до крајот на летото мора да ја пробате – погледнете како и стои на една од нашите најпознати дизајнерки!

Ова е новата хит фризура во светот на познатите
Она што до пред неколку месеци беше долгата боб фризура, односно лоб, тоа денес е таканаречената „Шер фризура“. Станува збор за поприлично долга и беспрекорно рамна коса чии пионери се сестрите од кланот Кардашијан- Џенер и убавицата од Барбарос, Ријана, кои уште од пред неколку сезони ја фураат оваа тренди фризура.
Една од последните познати девојки која му се поклони на трендот е холивудската актерка Ванеса Хаџенс која пред тоа имаше боб фризура.
Што се однесува до должината, ќе ви откриеме една мала тајна. Најчесто станува збор за перика или екстензии кои познатите дами ги обликуваат во оваа фризура која во последно време им е една од омилените. Тоа важи и за нашите ИТ девојки …
Една од нив е и македонската дизајнерка Ивана Кнез која токму со ваква фризура позираше во новиот едиторијал за магазинот Портрет.
Па, дали ви се допаѓа овој тренд?