Новости

Оваа фолкерка има милиони, но за едно нешто многу жали – Понекогаш Бог едноставно не ви дава сé, вели таа

Познатата фолк-пејачка во една пригода покажа како изгледа во костим за капење и сите ги изненади

Advertisement

Пејачката во една пригода откри дека немала ниту еден естетски зафат

Бранка Соврлиќ објави фотографија на која е во костим за капење и го покажа своето занесно тело и во седмата деценија од животот.

Advertisement

Имено, пејачката која има 68 години на својот Инстаграм сподели фотографија на кој позира во костим за капење, а на нејзината беспрекорна линија би можеле да и позавидат многу жени и девојки, па дури и оние кои се три пати помлади.

Инстаграм/ Бранка Соврлиќ

Нејзините раскошни облини никого не оставија рамнодушен, па многумина беа изненадени од ова нејзино оскудно издание.

Advertisement

Следуваа бројни позитивни коментари и комплименти, а сите се согласни дека Бранка изгледа одлично за свои години.

Инстаграм/ Бранка Соврлиќ

Минатото лето го помина во Дубаи

Имено, Бранка ги изненади своите Инстаграм следбеници кога објави неколку фотографии на кои позира во костим за капење.

Таа тогаш покажа дека и во седмата деценија има тело на кое многумина можат само да и завидуваат, но и дека не се срами да го покаже.

Инстаграм/ Бранка Соврлиќ

Бранка која инаку важи за една од најбогатите пејачки на Балканот, во една пригода откри дека никогаш не правела естетски зафати.

Инстаграм/ Бранка Соврлиќ

„Не сум поборник за пластичните операции, треба да се негуваме, а кој сака слободно нека прави што сака“, изјави Бранка во една пригода за Гранд, па го додаде и следново:

„Мене ми е страв да ме сечат, можат да погодат некој нерв, па да се искривам. Толку години сум на сцената, од почетокот ме следат луѓето и глупо е да се правам дека има дваесет години“, заклучи тогаш пејачката.

Инстаграм/ Бранка Соврлиќ

Единственото нешто за што жали во животот

Бранка важи за една од најбогатите пејачки на Балканот.

Таа со нејзиниот сопруг поседуваат неколку луксузни станови во Белград и Сараево, како и ресторан, но како што самата многу пати истакнала досега во медиумите, материјалниот статус никогаш нема да може да им го надомести тоа што немаат деца.

Инстаграм/ Бранка Соврлиќ

„Без лажна скромност, ние сме милионери, но би сакала да имам многу помалку, а Господ да ни дадеше, односно таа некоја виша сила, судбината, да не даруваше барем со едно дете. Вака некој би кажал џабе ни е сé“, изјави во една пригода Бранка.

„Едноставно не ни се даде во нашиот совршен брак и со многу љубов и меѓусебна почит да станеме родители. Бог понекогаш едноставно не дава сé“, раскажа тогаш познатата пејачка за медиумите.

Инстаграм/ Бранка Соврлиќ

Во продолжение погледнете и како ужива Бранка во базенот од својата луксузна вила што ја поседува со сопругот.

Инстаграм/ Бранка Соврлиќ

Инстаграм/ Бранка Соврлиќ

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button