Пелерина, пончо или едноставно само наметка е едно од оние парчиња кои задолжително морате да ги имате во плакарот доколку сакате да ги следите трендовите.
Најпрво се појавија на модните ревии на Burberry кои го воведоа овој тренд за претстојната сезона, а потоа преку ноќ, од модните писти на светските дизајнери се префрлија во излозите на најпознатите брендови за улична мода кои понудија бројни префинети опции по пристапни цени. Погледнете!
топ 30 пелерини и понча » |
Како да комбинираме
Што се однесува до комбинациите, пелерините изгледаат поприлично елегантно, но воедно и женствено и ретро, па можете да ги носите и со обични фармерки и маица или блуза и да добиете одлична кул комбинација. Од друга страна пак, доколку ги комбинирате со фустанчиња, тренди здолништа или соодветно избрани високи потпетици ќе изгледате како тукушто да сте излегле од снимање на некоја реклама. Погледнете ги и овие комбинации тука…
како да носиме пончо … » |