Оваа дама му го разубави денот на Игор Џамбазов со НЕОБИЧНАТА порака што јавно му ја напиша
Познатиот актер денес слави роденден – еве колку години наполни Игор Џамбазов

Пристигнуваат честитки од сите страни
Нашиот познат актер и шоумен, Игор Џамбазов, денес слави роденден, па си доби бројни честитки од пријателите.
Имено, Игор денес полни 62 години, а како што самиот вели, не е битно колку се, туку тоа што се уште може да ги преброи.
Инстаграм
Џамбазов сподели и краток текст напишан на сина позадина, а на која ги напиша следниве зборови:
„На денешен ден, пред 62 години, почна самостојно да дишам. И се уште дишам, оти длабоко дишам“, напиша Игор.
Инстаграм
Следуваа бројни честитки, а водителката Снеже Велков напиша и една интересен коментар што сите ги изненади.
Инстаграм
„Едвај чекам да видам што ќе напишеш кога ќе направиш 69. Држ се“, му порача во шега познатата македонска водителка.
Инстаграм
Следуваше убава порака и од Ноне Неделковска, која на мултиталентираниот Џамбазов му го напиша следново:
„И кога сите бродови ќе ти потонат, најди едно поле. Поле широко. Па, затвори очи, исклучи уши, растерај мисли и… диши длабоко. И обиди се да научиш нешто од сопствените грешки. Да научиш нешто од себе. Она што веќе си го искусил. Среќен роденден“, напиша Ноне под објавата на Џамбазов на неговиот профил на Инстаграм.
Инстаграм
Потсетуваме, Џамбазов на 19 јули со Гуру Харе бенд ќе одржат концерт за паметење во Античкиот театар во Охрид.
Инстаграм
Концертот ќе биде под отворено небо, а како што се вели во најавата, станува збор за еден човек, но со илјада чувства.
Инстаграм
Џамбазов не се слуша, тој се доживува пишува во објавата.
Инаку, Џамбазов во последно време е поприлично активен на социјалните мрежи и секоја негова објава предизвикува внимание.
Инстаграм
Тој веќе неколку години живее во Дојран каде го пронајде својот мир, но и каде гради своја куќа во која наскоро ќе се всели.
Инстаграм
Неговата куќа се наоѓа во центарот на ова место, со преубав поглед кон езерото, а архитект на истата е неговата сестра Тања.
Инстаграм
Всушност станува збор за една од најубавите локации во Стар Дојран, а Игор во една пригода откри како ќе изгледа.
Тој и неговата Ферхунде наскоро ќе се вселат во новиот дом, а како куќата треба да изгледа, погледнете тука.