MAMAДом и семејствоХороскоп

Оваа билка се внесува дома за Митровден, носи среќа и благослов – а еве што се прави со славската свеќа

Се верува дека сите големи работи треба да се завршат пред Митровден, бидејќи потоа настапува време за одмор и духовна тишина.

Advertisement

Денес, 8 ноември, православните христијани го одбележуваат Митровден, една од најголемите слави кај Македонците, за која постои верување дека воочи празникот не треба да се оди никаде, бидејќи во спротивно човекот ќе „скита“ преку целата наредна година.

Митровден се смета за еден од најзначајните празници, а според народното предание Свети Димитриј помага на секој што ќе го повика неговото име. Според житијата, неговиот гроб мирисал на босилек и смирна (миро), па токму затоа овој светител е наречен Мироточив.

Advertisement

Постои и обичај на овој ден во домот да се внесе свеж босилек, како симбол на мир, здравје и благосостојба во домот.

Постои и верување дека на овој ден не треба да се караат малите деца, без разлика колку и да згрешиле, бидејќи тогаш, според народното кажување, ќе бидат немирни цела година.

принтскрин

Од Митровден натаму, народот вели, може секојдневно да се очекува студено време и почеток на зимата.

Се верува дека сите големи работи треба да се завршат пред Митровден, бидејќи потоа настапува време за одмор и духовна тишина.

Еден од најважните обреди за овој ден е осветувањето на водичка. Домаќинката подготвува сад со вода, китка босилек, мала свеќа, кандило со темјан и список на сите членови на семејството. Сето тоа се поставува на масата покрај иконата, по што свештеникот ја осветува водата (доколку повикате свештеник дома, а доколку водичката ја осветите во црква може да ја употребите и за готвење).

Што се прави со славската свеќа на денот и по празникот

Домаќинот за слава купува свеќа од црква, обично долга од 50 до 60 сантиметри, во зависност од околностите и можностите. Таа се става во свеќник и се украсува на посебен начин. Се пали на денот на славата, непосредно пред сечењето на погачата.

принтскрин јутјуб

Секогаш кога се пали свеќа, било да е славска за Митровден, било да е божиќна, велигденска, за здравје на живите или за покој на душите на починатите, пред самото палење секогаш претходи молитва кон Бога.

Пред да ја запали славската свеќа, домаќинот најнапред се прекрстува, го спомнува Бога и својот семеен светител гледајќи кон славската икона, ја целива свеќата и потоа ја пали. Со тој бакнеж, на видлив начин ја изразува својата љубов кон светецот и самиот чин на славењето. Истото важи и при палењето свеќи за здравје на живите или за покој на душите на роднините и пријателите.

На денот на славата, свеќа може да гори во текот на целиот ден. Кога ќе остане само неколку сантиметри до свеќникот, таа треба да се изгаси на следниот начин: домаќинот се прекрстува, зема чаша со вино, со мала кафена лажичка зема малку вино и го прелева врз фитилот на свеќата што гори. Виното полека ја гаси свеќата.

Потоа свеќата и свеќникот се поставуваат пред иконата или на друго свечено место во домот, каде што стојат до следната година и се палат за време на заедничките семејни молитви.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Реклама

Поврзано

Back to top button