Oваа билка може да ви донесе 200 евра дневно – дали би го работеле ова?

Во соседството постои навистина необична можност за работа која што е солидно платна. Замислете, дири и по 200 евра дневно би заработиле доколку собирате билка, не било која туку конкретно бршлен.
Оваа вест ни пристигнува од Требиње, Босна и Херцеговина, поточно од Илија Вукасовиќ, кој повеќе од дваесет години се занимава со оваа работа, едноставно оди на работа и бере бршлен.
Не знам колку сте знаеле, но бршленот е во исто време и отровно, но и лековито растение. Како е тоа можно? Сега ќе ви објасниме.
Во Требиње се собираат листовите од бршленот и потоа се извезуваат во Германија, каде што се користат за правење сируп против кашлица. Цената за килограм варира од 2 до 3,50 конвертибилна марка, тоа е , раскажува Илија, а собраните количини ги вози до Столац, каде што постигнува подобра откупна цена.
Според него, дневно може да се соберат меѓу 50 и 120 килограми, што значи дека искусен берач може да заработи и до (350 КМ) 11 000 денари дневно. Сепак, и покрај профитабилноста, има се помалку луѓе кои се занимаваат со овој бизнис.
– Некогаш бевме над стотина, сега во Требиње има едвај пет-шест, во Љубиње и Столац неколку. Младоста нема да чепка, секој сака господарски живот – вели Илија.

Освен со бршлен, Херцеговина е богата и со други лековити растенија како жалфија, пелин, а во многу градови има откупни станици. Бербата трае цела година – бршлен во зима, пелин во пролет, жалфија во лето и житарици на есен.

Иако овој бизнис носи солидна заработка, Илија не го гледа само како извор на приходи, туку и како начин на живот.
– Тоа е и ментална релаксација за мене. Ја сакам оваа работа – вели тој.
Доколку ја има оваа понуда за работа во Македонија дали би го работеле ова? Дали би заминале во БИХ за да се занимавате со ваква работа?