Оваа бања е поубава од Бали, а за Македонците речиси „на чекор“ – рајска оаза скриена во најтесниот кањон во Европа
Со автомобил, преку автопатот Е-75 кон Ниш, па потоа се продолжува кон Пирот, може да се стигне за околу два до два и пол часа, што ја прави оваа бања идеална дестинација за кратко викенд бегство или дури и за еднодневна авантура.

Доколку сонувате за егзотика, лековити води и недопрена природа, а не сакате да патувате на крајот на светот, решението ви е поблиску отколку што мислите!
На помалку од три часа возење од Македонија, се наоѓа Звоначка Бања во Србија – место за кое оние што го посетиле велат дека е поубаво и од Бали.
Advertisement
Звоначка Бања е сместена во близина на реката Јерма, околу 30 километри од градот Пирот, кој пак се наоѓа на приближно 100 километри од македонската граница кај Прешево, или околу 150 километри од Скопје.

Со автомобил, преку автопатот Е-75 кон Ниш, па потоа се продолжува кон Пирот, може да се стигне за околу два до два и пол часа, што ја прави оваа бања идеална дестинација за краток викенд бегство или дури и за еднодневна авантура.
Звоначка Бања е еден од највисоко поставените бањски центри во Србија.

Топлите, минерални извори кои извираат од длабочина од 550 метри имаат температура од околу 28 степени Целзиусови и се користат за лекување на широк спектар на здравствени проблеми: нервни заболувања (невралгии, психоневрози, неврастении, вегетативни дисфункции), ревматски заболувања, проблеми со ‘рбетот до воспалителни процеси на очите, па дури и висок крвен притисок.
Природата околу бањата е речиси недопрена – бујна, зелена и егзотична, потсетувајќи на тропските предели од соништата.

Кањонот на реката Јерма, со своите стрмни карпи кои на моменти изгледаат како да се допираат, потсетува на природен феномен како Термопилите, но сместен во срцето на Балканот.

Ако ве однесе патот таму, или ако намерно тргнете, не пропуштајте да го посетите и прекрасниот Манастир Поганово, кој датира од крајот на 14 век. Го изградил Константин Драгаш, внук на цар Душан, и го посветил на Св. Јован Богослов.
Благодарение на непроодноста на клисурата на Јерма, манастирот е зачуван низ вековите како еден од најголемите бисери на средновековната уметност.

Звоначка Бања денес е сè уште недоволно откриена од туристите, што ја прави идеално место за сите оние кои бараат мир, релаксација и вистинско бегство од секојдневниот стрес.
@ankaplaninarka Od Zvonačke banje ostao je napušten hotel i ovaj spoljašnji bazen koji radi tokom letnje sezone. Svi se oduševljavmo infinity bazenima u džungli na Tajlandu i Baliju, a nismo ni svesni kakav potencijal za banjski turizam postoji u Srbiji.. #tiktoksrbija #srbijatiktok🇷🇸 #fypシ゚viral #viraltiktok #serbia🇷🇸 #istocnasrbija #srbijaturizam #serbiatourism #planinarenje