MAMAБебиња

Ова преубаво женско име повторно се врати во мода – се верува дека е под божја заштита

На нашите простори пристигнало преку латинскиот и грчкиот јазик, а се спомнува и во Библијата.

Advertisement

Името беше широко застапено на Балканот, а потекнува од хебрејскиот јазик. На нашите простори пристигнало преку латинскиот и грчкиот јазик, каде се среќава како „Иоанна“.

Станува збор за преубавото име Јована.

Advertisement

Се смета дека Јована е женска изведенка од машкото христијанско име Јован или Иван, односно претставува варијанта на женското име Ивана.

Според христијанската традиција, ова име има силна духовна симболика и значи „таа што му е мила на Бог“,„испратена од Бога“, или „таа кон која Бог покажува милост“.

Во народното верување, девојчињата кои при крштевање го добиваат името Јована се смета дека се предодредени за голема среќа, успех и бчагословен животен пат  – како да се родени под среќна ѕвезда. Се вели дека носителките на ова име се ведри, љубопитни, брзо учат и се сакани од луѓето околу себе.

Advertisement

Во оваа форма – „Јована“ – името е карактеристично за балканското поднебје. Од него произлегуваат и други облици како: Јованка, Јовка, Јоана.

фото пекселс

Во светски рамки пак, варијации на ова име се среќаваат во многу земји и јазици: Јохана, Џоана, Џоан, Јанис, Џенина…

Во Македонија името Јована со години беше меѓу 30-те најпопуларни женски имиња, потоа малку падна во забрав од модерните родители, а сега – за среќа – повторно се враќа во мода.

Интересно е што името Јована самостојно се споменува и во Библијата, во Евангелието според Лука. Јована била една од ретките жени што се нарекуваат „жени-служителки“ кои го следеле Исус Христос на неговите патувања. Се вели дека имала исклучително чисто срце и цврста вера, што ја прави едно од значајните женски библиски имиња, иако тоа често се заборава во секојдневната употреба.

Македонската православна црква ја слави Света Јоана Мироносица на 27 јуни (стар стил) односно на 10 јули по грегоријанскиот календар.

Името Јована останало инспирација и во народната музика – една од најубавите песни посветени на жена со ова име е токму македонската народна песна „Јовано, Јованке“.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button