Нега и здравје

Ова ви го продолжува грипот – наместо побрзо да оздравите, со секојдневна употреба само полошо правите

Во сезоната на настинки и вируси, многумина посегнуваат по ова, но лекарите предупредуваат дека прекумерната употреба може да предизвика зависност, иритација и дури крварење.

Advertisement

Со доаѓањето на есенските денови, сезоната на настинки и вирусни инфекции е во полн ек. Затнат нос, кашлица и болно грло се најчестите симптоми кои ги тераат луѓето веднаш да посегнат по спреј за нос, решение што дава моментално олеснување, но и сериозен ризик ако се користи без мерка.

– Овие спрејови навистина нудат брзо олеснување бидејќи ги стеснуваат крвните садови во носните канали и овозможуваат полесно дишење, објаснува д-р Вонтрел Рандтри за порталот Parade.

Advertisement

Сепак, таа предупредува дека употребата подолга од три до пет дена може да доведе до појава на т.н. повратна конгестија, кога носот повторно се затнува, и тоа уште посилно отколку претходно.

– Колку повеќе го користите спрејот, толку повеќе носот станува зависен од него. Долготрајната употреба предизвикува иритација, сувост, па дури и крварење, нагласува д-р Рандтри.

Доколку забележите дека носот ви се затнува веднаш по секоја употреба, тоа е јасен сигнал дека е време да престанете со спрејот.

Лекарите советуваат постепено намалување на употребата и консултација со стручно лице за да се пронајдат попријатни и побезбедни алтернативи.

пекселс

Дополнително, чести грешки се прават и при самата примена на спрејот. Д-р Асма Тахир објаснува дека спрејот никогаш не треба да се насочува директно кон носниот септум, туку благо кон страната за да се избегне иритација или крварење. Главата треба да биде во исправена положба, а по прскањето не се препорачува веднаш дување на носот.

Таа предупредува и дека спрејот не смее да се споделува со други лица, бидејќи бактериите лесно се пренесуваат.

Како побезбедна алтернатива, стручњаците препорачуваат физиолошки раствор, овлажнувачи на воздухот, топли тушеви и пред сè доволно сон и одмор.

– Одморот е најдобриот лек. Кога телото е одморено, регенерацијата е побрза и поефикасна, заклучува д-р Рандтри.

Суштинската порака на лекарите е јасна: спрејот за нос е корисен само ако се користи внимателно и краткорочно.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button