Патувања

Ова село во Грција е новото Монте Карло – годинава е рај за милијардери, монарски и славни личности

Малото приморско село веќе се смета за „грчкото Монте Карло“ и стана омилена дестинација на монарси, милијардери и славни личности.

Advertisement

Во последниве години Грција сè почесто станува избор за одмор на познатите и влијателните луѓе. Таму неодамна престојувале војводите од Велс, се очекува да ја посети и шпанското кралско семејство, а уште на почетокот на август на јахта покрај бреговите беше забележана и британската кралица Камила.

принтскрин јутјуб

Иако славните избираат различни места за својот престој, некои го преферираат Миконос, други Керкира или Кефалонија, меѓу најскапите грчки одморалишта постои еден неприкосновен шампион омилен на богаташите во последно време: крајбрежното село Порто Хели.

Advertisement
принтскрин јутјуб

Сместено на источниот дел од Пелопонез, Порто Хели веќе ја стекна репутацијата на еден од најлуксузните места во светот. Благодарение на својата популарност меѓу кралските семејства и милијардерите, на Запад го доби прекарот „грчки Хемптон“.

принтскрин јутјуб
принтскрин јутјуб

До ова место се стигнува за два и пол часа возење од Атина или за само 20 минути со хеликоптер. Популарноста почнала да расте уште во 1970-тите, кога таму почнале да се доселуваат богатите, привлекувајќи нови инвеститори кои изградиле луксузни вили и хотели. Потоа, малку се заборави, за повторно да блесне во потполн сјај.

принтскрин јутјуб

Дом на кралеви и милијардери

Порто Хели денес го посетуваат грчкото и холандското кралско семејство, познати актери, спортисти и светски бизнисмени. Мештаните раскажуваат дека таму има резиденција кралот на Холандија, а таму е и домот на покојниот грчки крал Константин II.

Advertisement
принтскрин јутјуб

Меѓу познатите имиња кои престојувале или поседуваат недвижнини во областа се споменуваат рускиот милијардер Роман Абрамович и британската фудбалска легенда Дејвид Бекам. Во минатото, еден од имотите таму му припаѓал и на холивудската ѕвезда Шон Конери.

принтскрин јутјуб

Приватност и луксуз

Иако не толку гламурозен и преполн со настани како Миконос, Порто Хели сепак знае да понуди ексклузивни случувања. Така, во јуни 2023 година во хотелот Amanzoe, еден од најпрестижните во Европа, беше организирана вечера на „луј витон“, на која присуствуваа бројни холивудски ѕвезди.

принтскрин јутјуб

И покрај светската слава, Порто Хели останува место за оние кои бараат приватност. Таму нема скапи бутици и раскошни шопинг-центри, туку природна убавина, интимни плажи и мирни заливи.

принтскрин јутјуб

Влијателните гости најчесто го поминуваат времето на речиси недопрени плажи, во приватни базени и на вечери со најдобрите грчки шефови на кујни. Популарни се и турите со јахта до Сарониските острови и делови од Кикладите, кои вклучуваат посета на рибарски села и историски локалитети.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button