Ова се трите најголеми гревови – подмолно ве следат и секогаш доаѓаат за наплата, порано или подоцна
Замислете ја кармата како некоја сила што никогаш не спие и што постојано ве набљудува. Кармата не ги памети само вашите дела, туку и емоциите.

Се верува дека постојат три најголеми гревови што секогаш доаѓаат на наплата. Многу луѓе веруваат дека човекот се раѓа со својата карма која го следи од првиот до последниот ден на животот.
Замислете ја кармата како некоја сила што никогаш не спие и што постојано ве набљудува. Кармата не ги памети само вашите дела, туку и емоциите. Таа гледа кога сте завидливи кон некого, кога некому му посакувате зло, кога мразите некого поради неговата среќа… сето тоа се емоции што имаат фреквенција и кармата ги препознава.
Некои кармички долгови доаѓаат брзо за наплата, додека други подоцна.
Ова се три најголеми кармички долгови што кружат околу вас, ве чекаат и секогаш доаѓаат за наплата:
Навреда на родителите
Во многу религиски и психолошки списи можеме да најдеме причини зошто е важно да бидеме „добри деца“ на своите родители и зошто треба да се почитуваат родителите.
Но секако, постојат и лоши деца што не ги ценат и почитуваат своите родители. Кармата не ги сака таквите односи. Да се навреди родител е скап кармички долг што подоцна ќе дојде на наплата.
Навреда и предавство на личност што ве сака
Секој човек што ја изневерува искрената љубов се наоѓа на црната листа на кармичките закони. Да се предаде личност што ве сака и што ви посакува само добро е многу понижувачко дело и тоа е нешто што кармата секогаш го наплатува.
Неправедно обвинување
Кармата не сака лоши озборувања и не сака кога за некого се зборува лажно и неправедно. Додека на луѓето тоа им изгледа како забава или „зафрканција“, кармата на тоа гледа со многу посериозни очи.
Пред да трепнете, можете да се најдете во ситуација каде што вие ќе бидете оклеветени и лажно обвинети.