Дом и семејство

Ова се смета за грев за Митровденски задушници – еве што треба да направите, а што никако не смеете

Митровденскa задушницa e ден кога се сеќаваме на нашите најблискикои починале и им укажуваме почит со свеќа, молитва и тишина.

Advertisement

Православните верници утре, 1 ноември, го одбележуваат денот посветен на сите починати – Митровденските задушници, кога според традицијата се оди на во црква, на гробишта, се палат свеќи и се дели храна за спокој на душите на мртвите.

Митровденските задушници, познати и како есенски задушници, се одбележуваат секоја година во саботата пред празникот Свети Димитрија – Митровден, кој според православниот календар се слави на 8 ноември. Овој ден е посветен на сеќавањето и молитвата за сите починати предци, а традицијата има длабоки корени во православната вера и во народниот обичаен живот.

Advertisement

Задушниците се денови кога верниците ги посетуваат гробовите на своите најблиски, палат свеќи, оставаат варено жито и вино и со молитва се сеќаваат на заедничките моменти што ги поминале со нив. Во православната традиција, се смета за големо непочитување ако на овој ден не се отиде на гробишта, или барем в црква, и не се запали свеќа во спомен на мртвите.

Според црковниот календар, постојат четири задушници во годината, а овие, есенските, имаат посебно значење. Старите верувања велат дека на овој ден „се затвораат гробовите“ кои, според народната традиција, биле „отворени“ на летните задушници од Свети Петар.

принтскрин јутјуб

Обичајот поврзан со Митровденската задушница не потекнува од нашите простори. Македонците,  а со тоа и православните на Балканот, го презеле овој празник од руската православна традиција, каде што бил воспоставен по победата на кнезот Димитриј Донски на Куликовското поле во 1380 година. Во Русија, тој ден бил посветен на загинатите војници, а подоцна се претворил во ден посветен на сите упокоени.

Во поголем број од православните храмови на Митровденска задушница се служи света литургија и парастос, при што свештеникот со вино го полева вареното жито, симбол на воскресението и Божјата милост.

Црвеното вино ја претставува Божјата благодат, која ги лекува гревовите, а свеќата ја симболизира Христовата светлина, која ги осветлува душите на починатите.

По богослужбата, верниците одат на гробишта, каде што се врши обредно поминување и каде што свештеникот ги кади гробовите. Обичај е на гробовите да се оставаат погача, варено жито, вино и друга храна, која се дели со сиромашните и сите што ќе се најдат таму. Тоа не претставува „храна за мртвите“, туку чин на милост и молитва за нивната душа.

Според народното верување, не е добро никој да се одбие или да се избрка од гробот на задушници, бидејќи сите луѓе се еднакви пред Бога. Доколку некој на овој ден го избркате од гробот, се смета за голем грев

Се верува и дека со делењето храна и милостина се покажува љубовта и благодарноста кон оние што повеќе не се меѓу живите.

Традицијата налага на задушници на гробишта да се оди рано наутро, пред пладне, откако верниците ќе присуствуваат на литургија. Сепак, како што нагласуваат свештениците, поважно е делото и молитвата отколку времето на посетата – гестот на почит е тој што има вистинска духовна вредност.

Митровденските задушници претставуваат ден на тишина, молитва и благодарност, кога се потсетуваме дека смртта не е крај, туку премин кон вечноста, и дека љубовта и споменот на ближните продолжуваат да живеат преку нашите мисли, зборови и дела.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button