Нега и здравје

Ова се симптомите што ги имал легендарниот српски глумец – не смеете да ги игнорирате, може да значат рак на мозокот

Мозочниот тумор не доаѓа со врева. Тивкиот напаѓач се прикрадува незабележано, а првите симптоми лесно се игнорираат.

Advertisement

Еден миг на небрежност. Мала вкочанетост во раката. Вртоглавица што лесно ја припишуваме на замор. Звучи безопасно, но токму тие суптилни сигнали понекогаш ја кријат најголемата опасност – тумор на мозок.

Мозочниот тумор не доаѓа со врева. Тивкиот напаѓач се прикрадува незабележано, а првите симптоми лесно се игнорираат.

Advertisement

Токму така започнала и битката на еден од најценетите српски актери – Воја Брајовиќ.

Пред дваесет години, почувствувал трнење во раката. Прво помислил дека е од умор или од стрес, но кога симптомите се влошиле, побарал лекарска помош.

фото-пекселс

Дијагнозата била шокантна – тумор на мозокот. Сепак, бидејќи болеста била откриена навреме, операцијата била успешна.

Advertisement

Денес, Брајовиќ е доказ дека вниманието на најмалите телесни сигнали може да спаси живот.

Што претставува тумор на мозокот?

Туморот на мозокот претставува неконтролирано размножување на клетки во мозочното ткиво. Може да биде бениген (не се шири во други делови на телото) или малиген (агресивен и потенцијално смртоносен).

Врз основа на локацијата и големината, симптомите можат да бидат различни, но секогаш бараат итна медицинска проценка.

фото-пекселс

Најчести симптоми на тумор на мозокот:

Трнење или слабост во раце и во нозе, постојани главоболки кои се влошуваат, нарушен вид (замагленост, двојни слики), вртоглавица и губење на рамнотежа, проблеми со говор или со памтење, мачнина и повраќање без очигледна причина, нагли промени во расположението или однесувањето.

Ако почувствувате некој од овие симптоми – особено ако се повторуваат – немојте да ги игнорирате. Еден преглед може да направи огромна разлика. Како што направи и кај Воја Брајовиќ, кој по успешната операција се врати на сцената, посилен од кога било.

Телото секогаш испраќа сигнали. Прашувањето е – дали знаеме да го слушнеме.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button