Реклама
Новости

Ова се последните фотографии од Саша Поповиќ кој се лекуваше во една од најскапите клиники во Европа

Трагична вест што сите ги потресе...

Реклама

Поповиќ последните денови од животот ги помина во Париз и тоа во една од најпознатите клиники во Европа, а со него цело време беа членовите на неговото најтесно семејство, како и неговите најблиски пријатели и соработници.

Креативниот директор и основачот на „Гранд“, починал во болница во Париз каде некое време се лекувал.

Саша Поповиќ по кратка и тешка болест, почина на 70-годишна возраст, а повеќе информации за комеморацијата ќе бидат дополнително соопштени, пишува во соопштението од Гранд продукција.

Александар Саша Поповиќ е роден на 24 април 1954 годна во Нови Сад, а покрај тоа што беше визионер и голем уметник, беше и семеен човек. Тој беше во брак со пејачката Сузана Јовановиќ, со која делеше години полни со љубов и поддршка, но и грижа за нивните две деца, Александар и Даниела.

Маркетинг

Целото соопштение од Гранд прочитајте го во продолжение…

Маркетинг

И Цеца беше загрижена…

Потсетуваме, Цеца пред само неколку дена прв пат се огласи во врска со Саша Поповиќ и го спомена во едно интервју.

Таа тогаш откри дека се слуша со него, но и дека им фали на сите во „Гранд“, со што индиректно откри дека тој нема да се врати.

Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд

И од изјавата на пејачот Бане Мојиќевиќ се дозна дека ситуацијата со здравјето на Саша не е добра, иако многу малку информации имаше во медиумите за неговата состојба, но и кае се наоѓа.

Како што објавија српските медиуми, тој последните денови ги поминал во болница во Париз каде и починал.

Принтскрин/ ТВ Пинк, Папарацо лов

Последните фотографии со Саша Поповиќ

Оваа актуелна сезона „Ѕвездите на Гранд“ започна во септември, но без креативниот директор што сите ги изненади.

Но тој тогаш не беше во Србија, а последен пат во медиумите се појави кога екипата на „Папарацо лов“ го сними.

Принтскрин/ ТВ Пинк, Папарацо лов

Овие фотографии се настанати во октомври 2024, кога Поповиќ беше во посета на студиото „Гранд“, иако беше болен.

Принтскрин/ ТВ Пинк, Папарацо лов

Креативниот директор Саша Попови почина денес, на 1 март 2025 година, по кратко и тешко боледување.

Принтскрин/ ТВ Пинк, Папарацо лов

Поповиќ последните денови од животот ги помина во Париз и тоа во една од најпознатите клиники во Европа, а со него цело време беа членовите на неговото најтесно семејство, како и неговите најблиски пријатели и соработници.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button