Лошите страни на хороскопските знаци честопати се занемеруваат. Но, токму тие може да ви укажат на тоа каков всушност е вашиот партнер. Еве кои се нивните мани, а вие самите пресудете дали сте подготвени да ги прифатите.
Овен
- тешко го контролираат својот бес
- Лесно се возбудуваат
- Многу се нетрпеливи
- Егоистични се
- Честопати се однесуваат незрело
Бик
Маркетинг
- Во кавгите со нив не очекувајте победа
- Многу се мрзливи за обврските во домот
- Нивните желби и потреби секогаш им се на прво место
- Знаат да бидат многу досадни
- Тешко се отвораат и зборуваат за своите чувства
Близнаци
- Не можете да се потпрете на нив
- Шармираат со убави зборови, но ретко го остваруваат кажаното
- Брзо им здосадуваат сите работи
- Никогаш ништо не завршуваат до крај
Рак
Маркетинг
- Имаат големи промени во расположението
- Знаат да кажат многу тешки зборови
- Може да станат зависни од вас, па ќе се чувствувате како во затвор
- Животот со нив може да ви биде монотон и предвидлив
Лав
- Ретко ќе се чувствувате сигурно со нив
- Ретко признаваат дека не се во право
- Знаат да бидат арогантни
- Мора да бидаат во центарот на вниманието, па ќе се чувствувате како да сте на сцена
Девица
- Претеруваат во анализирањето
- Секогаш од другите очекуваат тие да бидат иницијатор
- Честопати се несигурни, па од вас очекуваат да им дадете сигурност
- После кавгите се однесуваат како мали деца
Вага
- Добро знаат што сакате да слушнете, па не ви ја зборуваат секогаш вистината
- Сакаат да манипулираат со партнерот
- Честопати се оптеретени со својот изглед и од вас очекуваат да изгледате совршено
- Не се упорни и истрајни
- Ако ги повредите, лесно може да се свртат против вас
Скорпија
- Многу се љубоморни, па кога зборувате со некој од спротивниот пол ќе ве гледаат на криво
- Знаат да манипулираат со вашите емоции
- Имаат многу тајни
- И мали расправии со нив може да станат големи кавги
Стрелец
- Сакаат да зборуваат, но не умеат да слушат
- Мислат дека знаат најдобро
- Знаат да бидат бесчувствителни
- Сакаат да бидат доминантни во врската
Јарец
- Работата секогаш им е пред партнерот
- Сакаат сите работи да бидат под нивна контрола
- На нивниот став не можете да влијаете
- Ја анализира и ја памети секоја ваша грешка
Водолија
- Живеат во фантазии
- Сакаат да „држат предавање“
- Иако тврдат дека се либерални, со своите принципи ги осудуваат оние кои не се како нив
- Секогаш знаете што мислат, но ретко знаете како се чувствуваат
Риби
- Честопати мора да им ги повторувате истите работи и по неколку пати
- Тешко е да ги поттикнете нешто да започнат
- Често ќе делуваат како да не се вклопувате во нивниот живот
- Се жртвуваат себеси поради другите, па постојано имате чувство дека треба да се грижите за нив
Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .