Ова се најемотивните моменти од домот на Кајмакоски – сопругата докторка го снимаше со ќеркичката
Преслатко...

Бебенцето ќе ве освои на прв поглед
Сопругата на Даниел Кајмакоски, Марина Кајмакоска, сподели преубаво видео направено во нивниот дом.
Имено, Марина го снимаше Даниел како лежи покрај бебенцето, додека тоа се вртеше во креветот и ѝ позираше на мама.
Инстаграм/ Даниел Кајмакоски
Снимката ги воодушеви сите, посебно што имаа прилика да го видат пејачот во едно вакво домашно издание.
Марина го сними и нивното синче Стефан, кој исто така беше во собата и си играше со своите играчки.
Како сето тоа изгледаше, погледнете во продолжение…
Инстаграм/ Даниел Кајмакоски
Потсетуваме, Даниел Кајмакоски во ноември 2024 година ја доби ќеркичката Емилија, со што започна и неговата најголема авантура во животот. Пејачот и неговата сопруга Марина една година претходно, односно на почетокот од 2023 го добија и синот Стефан, па оттогаш на социјалните мрежи и двајцата често споделуваат моменти како се играат со децата.
Инстаграм/ Даниел Кајмакоски
Инстаграм/ Даниел Кајмакоски
Тие и целото свое внимание им го посветија на своите наследници, а и пејачот редовно споделува снимки со нив.
Инстаграм/ Даниел Кајмакоски
Потсетуваме, Даниел веќе има еден брак зад себе, со манекенката Кристина Димитриjеска со која има син Давид.
Инстаграм/ Даниел Кајмакоски
Неговата сегашна сопруга марина е доктор специјалист, а во брак се од јануари 2023 година, по што го добија и синот Стефан.