Трендовите понекогаш знаат да ни го поматат умот, па да ги дадеме и псоледните пари за омилените чизми, капут кои на почетоткот на сезоната можат да не чинат и голем процент од личниот буџет… Сте ги гледале видеата на кои се прикажува кога една девојка ја потрошила целата плата на гардероба, чевли, накит, па па за ручек во чинијата сервира етикети и накит. Затоа важно е паметно да се пазарува.
Како да се оди рационално на шопинг?
Обидете се да се научите однапред да направите план штo ќе ви биде потребно за оваа сезона од облека. Каков капут, чизми и чанта ќе ви бидат must have. Стрпете се до првиот попуст и тогаш „фрлете се“ на купување.
Користете ги попустите максимално и заштедете за шопинг. Следете онлајн како „котира“ вашето омилено парче.
Прошетавме низ бутиците за вас.
Топло и удобно на пиедастал за сезона есен/зима 20224/2025
Големата јакна како јорганче ќе доминира низ продавниците оваа сеозна. Инфлуенсерките веќе почнаа да покажуваат колку е важно да ви биде топло, но во исто време дас те шик. Со јакната од RESERVED ќе го постигнете тоа. Сега ова парче ќе го најдете на намалување.
СОВЕТ: Нурнете во штандот на лански модели на јакни, сигурно ќе најдете нешто екстра добро и од претходната сезона по супер цена.
Ако сте фан на ваквите јакни ќе ве испратиме и во H&М и таму ги најавија првите намалувања за новата колекција.
Кратките бунди од меко крзно ги има насекаде, ќе се согласите дека ќе бидат најпопурани за оваа сезона. Оние кои се тотален хит се бундичките на ZARA во црна, сива и бордо боја.
Еве супер вест, сега имаат попуст!
Камел капут е веќе неколку години задолжителен за вашиот ормар. Ако нешто изнаносите без ограничување тогаш навистина тоа е овој капут. Одговара за сите прилики и се вклопува во сите бои, стои со сите чевли.
Пстт… MANGO направи попуст на ова парче.
Крезнените јакни се топли, удобни и стилски за дотерување. Одлично стојат со фармерки и сомотни панталони кои ќе бидат тотален хит за зимските денови. Ви откриваме дека PULL& BEAR веќе истакна понсикси цени за оваа линија.
Еве уште неколку предлози на производи кои се на попуст во вашите омилени бутици.