Ова се луѓето кои ѝ го згаснаа инстаграм-профилот на Карлеуша – „успеавме, фала браќа и сестри“
Српската пејачка се најде на мета на негативни коментари поради нејзините контроверзни изјави за студентските протести во Србија. Јелена нападна студенти, а ја нападна и Хрватска, пишуваат хрватските медиуми.
![](/wp-content/uploads/2025/01/jelena-karleusha.png)
Инстаграм профилот на Јелена Карлеуша деновиве е деактивиран и нејзините обожаватели не можат да пристапат до него.
Не е познато зошто нејзиниот профил, кој имаше 2,4 милиони следбеници, веќе го нема, но неодамна беше покрената петиција да се избрише. Петицијата ја покрена група граѓани „Еко стража“, а групата се огласи по отстранувањето на профилот на пејачката.
Од „Еко стража“ тврдат дека Карлеуша се обидува да си го врати профилот на разни начини.
Saopštenje povodom gašenja naloga karleusastar
Poštovani pratioci, izdajemo saopštenje povodom pada naloga Jelene Karleuše na instagramu posle više sati, iz primarnog razloga jer nam je trebala potvrda da je nalog stvarno oboren, i da nije u pitanju njena lična smicalica da nas… pic.twitter.com/hPAQ5buGXN
Маркетинг— Eko Straža (@EkoStraza) February 10, 2025
„Почитувани следбеници, објавуваме соопштение во врска со паѓањето на профилот на Инстаграм на Јелена Карлеуша по неколку часа, пред се затоа што ни требаше потврда дека профилот е навистина избришан, а не дека тоа беше нејзин личен трик да не измами сите.
Сега имаме потврда дека профилот навистина е отстранет и дека ЈК цел ден очајнички се обидува да го врати, како и дека презема некои фан профили за да ги продолжи своите активности од нив.
Не знаеме дали ќе може да го врати профилот, но бидејќи ние самите работиме во ИТ индустријата и познаваме луѓе поврзани со компанијата META (преку кои исто така ја туркавме петицијата и барањето), според нивните тврдења, дури и ако профилот повторно стане активен, ќе биде полесно и побрзо да се отстрани секој нареден пат, додека конечно не се избрише. Втората причина што чекавме да го објавиме соопштението е тоа што сè уште немаме конечна потврда за тоа што конкретно предизвика паѓање на нејзиниот профил – знаеме дека тоа е прекршување на упатствата на METА, но голем број луѓе работат на негово затворање веќе некое време“, напиша претседателот на движењето, Бојан Симишиќ.
Во продолжение на објавата тој се заблагодари на тимот кој работеше на бришање на профилот на Карлеуша, велејќи дека „вкупно единаесет луѓе работеа на кампањата што ја започна Еко Стража, и би сакал пред се да им се заблагодарам на сите“.
„Она што е навистина важно е што успеавме заедно! Фала браќа и сестри, и одиме на победа“, ја заврши објавата Бојан.
„Еко стража“ минатата недела покрена петиција со која побара од Мета да го отстрани профилот на Карлеуша. Како причини тие ги наведоа „говорот на омраза, ксенофобијата, таргетирањето на поединци и генерално штетното однесување“. Петицијата ја потпишаа повеќе од 300.000 луѓе.
Српската пејачка се најде на мета на негативни коментари поради нејзините контроверзни изјави за студентските протести во Србија. Јелена нападна студенти, а ја нападна и Хрватска. Таа гостуваше во телевизијата Информер, медиум под контрола на Александар Вучиќ, кого Јелена јавно го поддржува и рече дека на протестите го слушнала „хрватскиот дијалект на српскиот јазик“. Таа имплицираше дека Хрвати дошле на протестите и сугерираше дека хрватскиот јазик не постои.
Карлеуша во емисијата шокираше со изјава во која посакува во Хрватска да се случи исто како во Србија, без да прецизира дали мислеше на студентските протести или на уривањето на настрешницата при штозагинаа 15 луѓе. „Искрено посакувам ова да им се случи на хрватските граѓани и на хрватската држава. Идентично ова исто, од срце посакувам“, рече таа.
Поради нејзините изјави многу луѓе се свртеа против неа и јавно ја нападнаа.