Ова необично хоби на Добрила (97) ги изненади сите – го наследила од мајка си, ама кој би поверувал…
„Од мали нозе го научив ова хоби од мајка ми“.

Победничката на третата сезона на емисијата „Никогаш не е доцна“, Добрила Чабриќ, на 97 години уште еднаш докажува дека за вистинската животна радост навистина никогаш не е доцна.
Во неодамнешен разговор за „Гранд“, таа го откри своето „тајно“, необично хоби, оставајќи ги сите без зборови. Како што вели ова хоби до денес ѝ носи вистинско задоволство.
– Секогаш нешто правам. Мое хоби е плетење и креирање облека. Досега направив три модни ревии и многу ја сакам рачната работа, таа ме смирува. Јас сум многу темпераментна, жива и нескротлива, и токму тоа ме окупира. Од мали нозе мајка ми ме учеше на шиење и на плетење, па затоа ги сакам овие работи – откри Добрила.
И покрај годините, Добрила сè уште е активна и сака да се забавува.
Потсетуваме дека неодамна пишувавме за нејзините вечерни забави.
– Обавезно излегувам навечер, особено во казино. Бев менаџер во казино шест години и тоа ми е добро познато, а имам и многу пријатели од Грција… и каде да се видиме ако не таму? Рестораните и храната не ме интересираат, бидејќи сама си подготвувам јадење дома. Дружењето во казино е возбудливо, вистинска терапија, малку смеа, малку шала, малку расправии… Од сè има. Инаку, пеев и во казина за време на викендите. Тоа се убави спомени кои се дел од мојот живот – изјави неодамна Добрила за „Гранд“.
Фасцинантно е што таа и понатаму сама патува низ регионот, зад воланот на својот автомобил.

– Постојано патувам и денес со автомобилот, извршувам сè што ми е потребно. Поради сообраќајна незгода малку ми е потешко да одам, но затоа во слободно време често пливам, а по пливањето се враќам дома. Овие активности се дел од мојот секојдневен живот – вели Добрила, која живее во Дојран.
Со својот ведар дух и енергија, Добрила и понатаму инспирира и ги воодушевува сите околу себе.