Ова мора да го знаете за здравјето на забите доколку имате дијабет – совети од проф. д-р Радмила Димовска
Овој ноември ги повикуваме работодавачите и вработените да го подобрат своето знаење за дијабетесот и да преземат мерки за олеснување на поддршка на работната средина за луѓето со оваа болест.

Светскиот ден на дијабетесот се одбележува секоја година на 14 ноември, роденденот на Сер Фредерик Бантинг, кој го открил инсулинот во 1921 година. Дијабетесот и благосостојбата е темата за 2024-25 година, со фокус оваа година на дијабетесот на работното место.

Затоа овој ноември ги повикуваме работодавачите и вработените да го подобрат своето знаење за дијабетесот и да преземат мерки за олеснување на поддршка на работната средина за луѓето со оваа болест.
Светскиот ден на дијабетесот, кој се слави секоја година на 14 ноември, ја зголемува глобалната свест за дијабетесот – неговата превенција, справување и компликации. Додека многу внимание се посветува на ефектите од дијабетесот врз срцето, бубрезите, очите и нервите, устата често е заборавениот орган зафатен од оваа системска болест.
Дијабетес мелитусот е една од најчестите хронични системски болести во светот, која зафаќа милиони поединци од сите старосни групи. Карактеризиран со хипергликемија како резултат на дефекти во секрецијата на инсулин, инсулинското дејство, или и двете, дијабетесот има широко распространети ефекти врз различни органски системи, вклучувајќи ја и усната шуплина.

Двонасочната врска помеѓу дијабетесот и оралното здравје сѐ повеќе се признава како важен аспект на сеопфатната грижа за пациентот, која бара соработка помеѓу стоматолошките и медицинските професионалци.
Оралното здравје и здравјето на вашите заби доколку имате дијабет
Дијабетот како системско заболување влијае на многу органи и функции во организмот, вклучително и на усната празнина. Многу често промените во устата се и први знаци на дијабет.
Промени во устата при дијабетес
Кај дијабетесот постои зголемено количество на гликоза во крвта, но и во урината и плунката. Перманентно зголеменото количество на шеќери во устата претставува идеална подлога за развој на микроорганизмите што доведува до зголемено количество на дентален плак, појава на инфекции и други патолошки промени во усната шуплина.
Кај дијабетичарите, особено при недоволна орална хигиена, гингивите се црвени, отечени, лесно крварат и се болни на допир.
Без лекарски третман ова најчесто поминува во изразена пародонтопатија со ресорпција на пародонталното ткиво, создавање на пародонтални џебови, губење на коскеното ткиво кое може да доведе и до раскалтување на забите, па дури и до нивно губење.
Плунката е густа со поголемо количество на ензими што доведува до до зголемне ацидоза-киселост во устата која е главен предуслов за развој на габични инфекции, најчето колонии на цандида албицанс.
При појава на кандидијаза, јазикот во почеток е црвен и натечен со изразени фугиформни папили кои потоа атрофираат и јазикот изгледа како полиран со бели налепи.
Целата ситуација се усложнува и со намалувањето на циркулацијата во ткивата заради таложењето на мукополисахраидитево крвните садови со што се намалува па тие се поподложни на инфекции.
Она на што треба да се посвети внимание кај дијабетичарите е повратната спрега помеѓу промените во усната шуплина и дијабетот.
Имено, дијабетот доведува до промени во усната шуплина кои од друга страна уште повеќе го потенцираат дијабетот, па ситуацијата перманентно се влошува.

Друг симптом на дијабет е и сувата уста заради намаленото лачење на плунка од плунковните жлезди. Сувата уста е попдложна на инфекции заради намаленото самочистење, а истовремено е отежнато и џвакањето и голтањето на храната.
Орално хируршки интервенции и дијабет
Кај дијабетичарите речиси секогаш постои намалена коагулација на крвта што резултира со продолжено крварење после хируршката интервенција, раните зараснуваат поспоро и по подложни на инфекции.
Затоа, секоја хируршка интервенција мора да се испланира, пациентоте претходно да се припреми за интервенцијата и поѓесто да се контролира пациентот после интервенцијата со цел да се намалат постоперативните компликации.
Како да се спречат компликациите од дијабетот
Појавата и степенот на компликација на патолошките промени во устата многу зависат од оралната хигиена и раниот третман на промените. Затоа доколку имате дијабет седете ги следниве совети:
• Редовна контрола на нивото на шеќер во крвта
• Доколку сте пушач, веднаш престанете со пушењето
• Четкајте ги забите и користете забен конец
• Препорачливо е користењето на четката со меко и најлонско влакно
• Редовна посета на стоматолог
• Професионално чистење на забите најмалку два пати годишно
Едукација и превенција на пациентите
Свеста на пациентот останува камен-темелник на менаџментот. Едукацијата на пациентите со дијабетес за важноста на прецизната орална хигиена, редовните стоматолошки посети и гликемиската контрола може значително да го намалат ризикот од компликации. Нагласувањето на врската помеѓу оралното воспаление и регулацијата на гликозата во крвта ја зајакнува вредноста на оралното здравје како дел од системската благосостојба.
Сложената врска помеѓу дијабетесот и оралното здравје ја нагласува потребата за холистички, интердисциплинарен пристап во грижата за пациентот. Како професионалци за орално здравје, препознавањето на оралните манифестации на дијабетес и интегрирањето на превентивни и терапевтски стратегии во нашата пракса може да придонесе за подобрување на целокупните здравствени резултати.
Проф. д-р Радмила Димовска
Факултет по Дентална Медицина
Меѓународен Балкански Универзитет





