Ова мора да го прочитате! Професорката напиша емотивна порака за Тоше и маестро Џамбазов
Една од најпопуларните професорки, водителка и гласноговорник кај нас, проф. Татјана Алексиќ ги пишува едни од најубавите статуси.
Таа е професорка по македонски јазик во средното училиште „Орце Николов“ во Скопје.
По повод денешниот ден 25 јануари, ден кој сите го паметиме како роденденот на нашата ѕвезда Тоше Проески, таа напиша преубав статус кој ни привлече внимание.
Алексиќ ги спои нештата во едно, роденденот на нашиот Тоше, смртта на маесто Александар Џамбазов која се случи на денешен ден и празникот Св. Татјана, нејзиниот именден кој се празнува денеска.
Денес е емотивен ден, тагуваме, евоцираме, се возљубуваме… Св. Татјана, роденденот на Тоше и три години од заминувањето на маестро Џамбазов…Тагува цела Македонија, сите славејчиња, сите уметнички души, сета публика која со години му ракоплескаше на маестро Џамбазов, тивок и скромен човек со енергичен и раскошен талент. Денес и нашиот земен Ангел Тоше, ќе славеше роденден обединувајќи нѐ со песна како Орфеј. Ќе ги славиме и ќе им аплаудираме дур сме живи, дур има живот на земјата… Тие се нашето непроценливо богатство, нашето sвездено небо, нашите вип личности со трајни вредности – стои во објавата на професорката на Фејсбук.
Денеска именден слават Татјана, Тодор, Тања..
На овој ден и црквата се сеќава на светата маченица Татјана, божји службеник во Римската христијанска црква, грижлива негувателка на болни, изнемоштени и сиромашни, верник до крај на својот маченички живот. Измачувана од џелати, фрлена меѓу лавови кои ги припитомува, со силата на духот нејзино име станува симбол на истрајност и цврст карактер. Името Татјана и именденот на 25 јануари, ќе бидат овековечени во стихуваниот роман ,,Евегениј Онегин” за кој Пушкин ќе се двоуми дали да го нарече по името на доминантниот женски лик, Татјана Ларина. Истрајна во љубовта, но и во моралните принците ќе страда заради невозвратена љубов во вистински час. Силата на љубовта ќе ја охрабри да ги сруши конзервативни стеги и да му напише љубовно писмо на срцекршачот и инвалид за љубов Онегин, што е преседан за тоа време. Но, моралните принципи на туѓа сопруга ќе бидат посилни од моќта на страста, за да му се подаде на човекот кој во младоста, кога била ничија, ја одбил нејзината искрена љубов – се вели во објавата.
Таа раскажува кога првпат дознала дека денеска се слави маченичката Тајана.
Прв пат разбрав дека Русите го слават именденот Св.Татјана на 25 јнуари, читајќи го романот ,,Евгениј Онегин” како гимназијалка во Орце Николов.
,,За да пееш, прво мора да ја отвориш устата. Мора да имаш пар бели дробови и малку музичко познавање. Хармоника или гитара не е задолжително. Суштинско нешто е да сакаш да пееш. Значи ова е песна и јас тебе Тања ти ја пеам. Камо да знаев подобро, помилозвучно, но тогаш не би се согласила да ме слушаш. Си слушала ти и други како пеат, но си останала ладна… ” – Хенри Милер во ” Раковиот напоредник ” (Ракова обратница ) за ликот на Тања… ❤️Честит именден, Татјана и Тодор – вели Алескиќ.
И ние ѝ го честитаме именденот на нејзе и на сите што денеска слават.
За крај да се потсетиме на еден од бројните хитови на Тоше.