Наши ѕвезди

Ова младо момче ќе биде новата голема Гранд ѕвезда од Македонија? Ги освои сите со својот талент

„Ова беше за финале“, му порачаа по настапот на младиот пејач од Македонија

Advertisement

Повторно освои максимален број на гласови…

Никола Станишиќ од Македонија повторно направи лом во популарното шоу и го освои максималниот број гласови.

Advertisement

Тој настапи во дуел со Лидија Граовац која заврши во бараж, додека Никола директно се пласираше во следниот круг.

Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд

„Пред се сакам да го поздравам легендата Наум Петрески кој сигурно е горд како ти ја отпеа ‘Птицо бела’“, изјави Кеба по настапот.

Advertisement

Никола пофални зборови доби и од останатите членови на жирито, а според Вики Миљковиќ ова досега беше најдоброто од него.

Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд

„Никола, јас се гордеам многу со тебе. Ти сјајно пееш, прекрасно момче си и цела Македонија е горда на тебе, сигурна сум“, му порача на Никола неговата менторката, Светлана Цеца Ражнатовиќ.

Потсетуваме, Никола Станишиќ има 24 години и доаѓа од Скопје, а во шоуто се прослави уште со првиот настап пред камерите.

Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд

Тој пред неколку години се натпреваруваше во популарното шоу, само што тогаш беше во тимот на Марија Шерифовиќ.

Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд

Како Никола изгледаше и на еден од неговите претходни настапи, кога исто така ја воодушеви Цеца, погледнете тука.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button