Постапки кои ги одликуваат емоционално зрелите мажи
Емоционално интелигентните луѓе се навистина фини.
Емоционално интелигентните луѓе се навистина фини. Ако тој е љубезен и пристоен, ако добро се однесува кон вас, а не смета дека за возврат му должите секс, тогаш голема е веројатноста тој да е емоционално интелигентен. Еве кои знаци укажуваат на тоа дека сте налетале на „редок“ тип мажи.
Во вашата врска нема никакво злоставување
Ова е еден од најочигледните сигнали на емоционална интелигенција. Мажите кои ги злоставуваат своите парнерки, како физички, така и психички, се многу далеку од емоционално интелигентни личности, а не се ниту здрави. Ни емотивно, ни ментално.
Генерално се обидува проблемите да ги реши асертивно
Асертивното однесување е јасен индикатор дека имате работа со зрела личност, која умее своите потреби да ги искаже на пристое начин, а и да гради здрави односи со луѓето. Ако не се однесува како крал, тогаш големи се шансите тој да вреди за вашиот труд, како и да мечтаете за заедничка иднина.
За себе не зборува како за „премногу добро момче“
Мажите кои се вистински зрели, социјално и емоционално интелигентни, не патат од синдромот на „добар маж“. Нема да бидете опколени со секакви романтични гестови опишани во филмовите и книгите, затоа што тој сфаќа дека жените не се „апарати“ кои треба да се хранат со фини манири. Зрелиот маж кон вас ќе се однесува како рамноправно битие.