Ова е Жељко што загина откако беше прегазен – целата трагедија ја пренесувал во живо на ТикТок?!
Несреќата што се случи во Србија го потресе регионот

Како што пишуваат српските медиуми, несреќата можеби е последица на расправија помеѓу Жељко и Василиј.
Жељко К. (48) од Сенај (мало место во Србија во близина на Младеновац), настрада откако беше покосен од автомобил „ауди“ управуван од Василије Б. (46) кој избегал од местото на несреќата.
Како што пишуваат српските медиуми, до несреќата најверојатно дошло откако тие претходно се расправале и тоа во пренос во живот на „ТикТок“, по што решиле да се сретнат и да се пресметаат.
Принтскрин/ Социјални мрежи
Телото на несреќниот Жељко било пронајдено покрај патот, а полицијата веднаш тргнала во потрага по возачот што го прегазил
Како што објави српскиот Блиц, возачот за брзо време бил уапсен, а на кобната несреќа најверојатно претходела расправа помеѓу сега веќе покојниот Жељко и уапсениот Василиј, што се емитувала во живо на „ТикТок“, а нивниот пренос во живо го следеле неколку луѓе.
На снимката, наводно се гледа жртвата како се движи по улицата, изнервиран и цело време пцуе негово, најверојатно Василиј.
На снимката се слушаат и останати учесници, од кои едни се обидуваат да го смират, додека други го бодрат.
Еден од учесниците го наговара со палка да му ја разбие шофершајбната, а потоа се слуша автомобилот како и ударот.
По несреќата Василиј наводно повторно се вклучил во живо, но не сакал да одговори пто се случило.
Сите овие информации што ги објавија Информер и Блиц се уште не се потврдени официјално, освен дека покрај патот е најдено тело.
Принтскрин/ Социјални мрежи
Жељко зад себе остави несреќно семејство
Како што пренесува српскиот портал Блиц, зад Жељко останаа две ќерки, татко и стара мајка која што ја чувал со години.