Опа!

Ова е вистинската Ким, без Фотошоп – се појави во костим за капење и ги шокираше сите

Advertisement

Сестрите од кланот Кардашијан се на одмор во Мексико

Advertisement

Познатите сестри на оваа дестинација заминаа за да го прослават роденденот на Кортни која неодамна наполни 38 години, а фотографиите ја разбрануваа светската јавност и ги започнаа најострите критики кои што Ким Кардашијан досега ги доживеала.

golem3

Ким на плажата се појави во костим за капење од Диор но на фотографиите воопшто не личи на онаа жена којашто ја гледаме на телевизија, но и на Инстаграм.

Advertisement

„Нозете и се како сирење. Нејзиното тело постојано е фотошопирано како би изгледало добро…“ , „Телото кое што постојано ни го прикажуваат во медиумите не е ни приближно како ова.“, „Среди се Ким“, „Фотографијата е вистинска, само не и нејзиниот голем задник“- ова се само дел од коментарите упатени до познатата старлета.

Прво ги шокираше сите со најодвратната диета на светот, а потоа следуваше ова >>

Таа е разоткриена и опасно разбесни многумина. Изгледот што го пласира веќе со години е лажен. Во вакво издание НЕ ни се претставува во кампањите. Во вакво НЕ ни се претставува на социјалните мрежи. Не е никаков пропуст да имате целулит и вишок килограми. Напротив, Ким зад себе има две породувања. Нема зошто да и замериме поради овие фотографии.. освен фактот дека со години пласира лажна слика за себе.

Од друга страна пак, Кортни ги доби сите пофални зборови, дека има најдобро тело во семејството Кардашијан-Џенер. И додека најстарата сестра промовираше ретро модел на костим за капење кој се носи на половина гради и за кој очекуваме да биде еден од водечките трендови во новата сезона, нејзината сестра Ким ги шокираше сите со својот изглед.

Што мислите вие за нејзиниот изглед?

ОK, тренерките се во мода, но Kим Kардашијан ни покажа како НЕ треба да ги носиме >>

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button