Ова е вистината за односот на Спасен со колешката од Австралија – „исплива“ снимка од нивната дружба
Моменти што не се забораваат

Велат пријателот се познава во нужда, ама и кога ти е убаво, ако си со своите блиски ќе ти биде уште поубаво…
Понекогаш односите помеѓу колегите од музичката сцена предизвикуваат скандали, но не и кога се тие во прашање.
На социјалните мрежи овие денови испливаа неколку снимки на кои се гледа каков однос има Спасен Сиљаноски со неговата колешка, популарната фолк-пејачка, Татјана Лазаревска.
Инстаграм/ Татјана Лазаревска
Имено, Татјана веќе десетина години со семејството живее во Австралија, но неодамна се врати со својот син во Македонија.
Таа периодот што ќе го помине тука го искористи да се види со најблиските, но и со своите колеги со кои е во одлични односи.
Инстаграм/ Татјана Лазаревска
Татјана со синот, на пат кон Македонија
Впрочем тоа може да го видиме и од нејзините објави нa социјалните мрежи, но и од објавите на многу друго музичари.
Многумина од нив кога ќе одат во Австралија на турнеја задолжително го посетуваат и домот на нашата пејачка.
Принтскрин/ Фејсбук
И таа секогаш заедно со својот сопруг Новица ќе ги угостат како вистински македонски домаќини, а така беше и со „тајфата“ на Спасен кога пејачот неодамна беше во посета на оваа далечна земја.
Принтскрин/ Фејсбук
Принтскрин/ Фејсбук
Повеќе за ова потсетете се тука, но погледнете и како Спасен ја дочека својата колешка и како заедно направија одлична забава.
Принтскрин/ Фејсбук
Овие снимки предизвикаа големо внимание на социјалните мрежи, а како сето тоа изгледаше, погледнете во продолжение.
„Преубава дружба со гостите од Австралија“, напиша Спасен во една од овие свои објави со кои сите ги воодушеви.
Принтскрин/ Фејсбук
Воодушевена беше и самата Татјана, па на својот драг колега јавно му се заблагодари со следните зборови.
„Ти благодарам пријателе Спасен Сиљаноски за поканата и прекрасната дружба, а посебно за оваа песна Лено мори Лено, уште една од твоите најомилени за мене“, напиша Татјана со следното видео.